19 Мај, 2024
0.0410

ЛАТАС: Нема што да преговараме со Бугарија, ЗИКОВ: Не ја продадовме тогаш, нема ни сега

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Новинарите Драган Павловиќ Латас и Љупчо Зиков во вчерашната емисија на Канал 5, Само вистина, зборуваа и спореа за бугарското прашање на земјава.

Латас бара да се знае јасно за што прегиовараат двете држави.

„Вие територија може да освоите, но ако изгубите национален идентитет, не може повеќе да го освојувате. Бугарија и Србија се стари држави, далеку поподготвени во државничкиот однос, во историјата, во знаењето и во дипломатијата од нас. Доколку Бугарија го добие тоа што го бара макар во еден дел, а Балканот е место каде што на секои 50 години има војни, без оглед што се случувало во Европа, за што доказ е последниот случај, Бугарија утре може сосема легално, и да не окупира туѓа територија, бидејќи таму живее нејзин народ, со нејзини корени. Не значи ништо тоа што сме членки на НАТО, членки на НАТО има многу, па имаат меѓу себе проблеми... Ние не знаеме што има во португалскиот предлог.... Ние со Бугарија имаме договор од 2017 година. Немаме што да преговараме со Бугарија... Ако ние се договориме денеска со Бугарија, ние и така ќе преговараме со ЕУ уште десет години, ние во ЕУ нема да влеземе за 10 до 15 години, според нивните извештаи, имаме време, ќе дојдат други бугарски или други македонски власти, не знам зошто брзаме, и така нема да не примат... Ако Советот на министри усвои рамка, вие веќе не преговарате со Бугарија, туку со ЕУ“, рече меѓу другото Латас. 

Љупчо Зиков, пак, тврди дека опозицијата нема основа да стравува дека сега ќе биде продаден националниот идентитет. 

„Ако со Преспанскиот договор не се продаде Македонија тогаш, зошто би се продала сега... На патот кон ЕУ не смееме да се откажеме од идентитетот и јазикиот... НАТО гарантира дека сите политички тензии што ќе се појават, во случајов меѓу две НАТО членки, ќе се надминат. Таков е случајот со Турција и Грција, тие одамна би се ‚спукале' доколку не беа НАТО членки... Инаку, за договорот што би се склучил, ние нема одма да одиме на гилотина, туку ќе одлучува и парламентот, ќе има и демонстрации ако тоа е нешто многу страшно...“, објаснува Љупчо Зиков. 

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално