19 Мај, 2024
0.2083

„LC Waikiki“ ги отвори вратите на четвртата продавница во Македонија

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Водечкиот моден и малопродажен бренд „LC Waikiki“ ја отвори својата 4-та продавница во Македонија.„LC Waikiki“, има цел да биде еден од најуспешните модни брендови во Европа во 2023 година, проширувајќи ги своите инвестиции за 25% на интернационалните пазари, од влегувањето во 2009 година

Турскиот малопродажен лидер, LC Waikiki“ денес ги отвори вратите на својата 4-та продавница во Македонија која ќе биде сместена на првиот спрат на трговскиот центар Рамстор. Новата продавница ќе се простира на површина од 1154 м2 и ќе има три оддела со модни колекции наменети за мажи, жени и деца/бебиња, со други зборови ова ќе биде место каде целото семејство ќе може да го пронајде својот стил што е во функција на бренд филозофијата „Секој заслужува да биде убаво облечен“.

LC Waikiki

Отворањето е одговор на интересот на македонските потрошувачи, кои ги сакаат LC Waikiki“ производите поради високиот квалитет, модерната линија која ги следи трендовите, и пред се поради ценовната достапност. Продавниците ги карактеризира пријатна и топла атмосфера, можност потрошувачите едноставно и брзо да го најдат она што им е потребно.

LC Waikiki 6

Новоотвoрената продавница во Рамстор е инвестиција од околу 1.5 милиони долари и во неа ќе бидат вработени 34 лица. Со отворањето на новата продавница во Рамстор вкупниот број на отворени LC Waikiki“ продавници ќе го надмине бројот од 500, од кои 130 се надвор од Турција. Продавницата во Скопје ќе биде уште еден чекор понапред во реализацијата на таргет приходите кои ги има брендот, а тоа е остварување на 10 билиони долари до крајот на 2023 година.

LC Waikiki 5

Yenal Gökyıldırım, генерален директор за продажба на „LC Waikiki“ изјави: „ Работиме во Турција под капата на LC Waikiki“ - Малопродажба, трговија и услуги уште од 1997 година. Првата странска инвестиција ја реализиравме во Романија во 2009 година, веднаш по брзиот раст во Турција и заземањето на лидерската улога во овој сектор. Сега, со големо задоволство ја отвораме нашата 4-та продавница во Македонија со што стануваме  достапни во 23 земји и тоа за многу краток временски период од 6 години. Како LC Waikiki“: имаме доверба и веруваме во македонскиот пазар. Ние ќе продолжиме да растеме во Македонија и на Балканот. Го споделуваме нашиот малопродажен бизнис, знаењето за модата и искуствата и на македонскиот пазар, и сакаме да придонесеме за економски раст и развој на модната малопродажба.

LC Waikiki 4

Yenal Gökyıldırım ги даде своите впечатоци за конзистентниот раст на LC Waikiki“ во странство и го изрази своето верување: „Балканот е од големо значење за Турција, како врата за отворање на Турција кон Западна Европа, истовремено зацврстувајќи ги културните и хуманистички врски. Ние, како LC Waikiki“, ќе продолжиме да ги шириме странските инвестиции на Балканот и во различни региони на светот, со цел да бидеме еден од глобалните брендови со сила која ја црпиме од нашите вредности."

LC Waikiki 3

Нашата цел е да се направи промет во вредност од 4 милијарди долари во Турција и  6 милијарди долари во странство.

Yenal Gökyıldırım, изјави дека имаат за цел да го пренесат нивниот успех во малопродажниот сектор од Турција на странските пазари посебно обрнувајќи внимание дека LC Waikiki“ вработува 25,500 лица од различни култури во 387 продавници во Турција и 130 продавници во странство.

LC Waikiki 1

Gökyıldırım објасни дека: "Ние, како LC Waikiki“, ги спроведуваме нашите активности и визија,со цел да ги оствариме нашите таргети за 2023 година, година која е особено важна за нас,  бидејќи се совпаѓа со 100 годишнината од основањето на Турската Република. Наша цел е да постигнеме промет во вредност од 4 милијарди долари на домашниот и 6 милијарди долари во странство,остварувајќи ја нашата визија да бидеме глобален бренд во 2023 година ".

Раст од 45% во земјите на балканот

Yenal Gökyıldırım, генерален директор за продажба на LC Waikiki“  изјави дека се инвестираат приближно 1,5 милијарди УСД за секоја ново продавница во странство: LC Waikiki“ со отворањето на новата продавница во Македонија ја отвора својата 38 продавница на балканот. Нашиот бренд инвестира на балканот, и до денес имаме 12 продавници во Романија, 10 во Бугарија, 4 во Албанија, 4 во Македонија, 4 во Косово и 4 во Босна и Херцеговина. Остваривме и раст од 45% во земјите на балканот, а имаме отприлика 3500 вработени во нашите продавници надвор од Турција. Имаме статус на лидер на пазарите во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија и Бугарија. А како следни инвестиции размислуваме за пазарите во Молдавија и Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда