Ле Пен бара замена за еврото пред да ја уништи економијата на Европа
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Француската екстремна десничарска политичарка Мари Ле Пен посочи дека земјите од ЕУ мора да имаат можност за избор на својата валута и дека концептот на единствен промет само со еврото може да биде закана за европската економија.
„Не велам дека секоја земја треба да го напушти еврото, но мораме да отвориме можност доколку некоја земја се реши на таков потег“ изјави Ле Пен на конгресот во Кобленц, Германија кој е популарно наречен контра ЕУ самит.
За ефектот на Брегзит кој може да делува како домино во Европа, Ле Пен оцени дека тоа не е така трагично бидејќи се раѓа нова ера на враќање на националните држави, што беше громогласно поздравено од присутните во Кобленц.