Лебот поефтинува во Скопје-Што е со другите градови?
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2016 12:14
Поради поефтинување на српското брашно кое Македонија го увезува, од мелничарско пекарската индустрија најавуваат намалување на цените на лебот.
Имено, според најавите цената ќе падне за околу два до пет денари во зависност од грамажата во главниот град додека во останатите градови ширум земјава цените најверојатно ќе се задржат на исто ниво поради како што велат надлежните цените таму веќе се пониски.
Барање за намалување на цената на лебот искажаа и земјоделците, кои пак побараа по 2 денари од килограм пченица.
Надлежното министерство пак вели дека е во комуникација со мелничката индустрија и земјоделците за ова прашање и во моментов се разгледуваат решенија за барањата.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




