„Лесја Украинка“: Кој е првиот што ќе викне држете го крадецот?….

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2025 09:44
Ако некој постојано и намерно го лажат, со тек на времето човекот почнува искрено да верува во тоа...
Неодамна, еден од резонантните настани во глобалниот медиумски простор беше инцидентот што се случи во Марсеј на 24 февруари оваа година. Така, непознати лица фрлиле два „молотови коктели“ во градината, која се наоѓа на територијата на рускиот конзулат. Според информациите на локалната полиција, како резултат на експлозијата нема повредени, а напаѓачите, како што често се случува, исчезнале од местото на настанот. Иако во вторникот Французите најавија апсење на двајца осомничени.
Нема да коментираме и да се мешаме во работата на француската полиција...
Во овој контекст, вреди да се обидеме да ги анализираме последиците и причините за ваков инцидент. Одредени набљудувачи веќе се обидуваат да привлечат внимание кон фактот дека инцидентот се случи на третата годишнина од руската инвазија од големи размери врз Украина. Токму оваа теза Москва може да ја подигне и „да му ја пренесе на народот“, обвинувајќи ја украинската страна за организирање на терористички напади врз руските дипломатски институции во странство, вклучително во Марсеј.
Ваквите обвинувања може да станат основа за уште еден бран на руската пропагандна машина во врска со наводото „отсуство на желба на официјален Кијив да води мировни преговори“. Генералниот конзул на русија во Марсеј, Станислав Орански веќе изјави дека експлозијата во руската дипломатска институција можеле да ја организираат Украинци. Иако и самиот добро знае дека извршувањето терористички дејствија врз цивилни објекти е карактеристично токму за русите, а не за Украинците. Да се потсетиме само на познатите експлозии со хексоген во висококатници во доцните 90-ти години, а сега - насочените напади врз медицински и цивилни објекти во Украина. Треба да се забележи и фактот дека неколку дена пред инцидентот во Марсеј, руската страна, преку „говорниците“ на сопствените специјални служби, веќе објави за наводните намери на Украина да го наруши преговарачкиот процес, вклучително и со извршување на низа терористички акти против руските дипломатски претставништва на Стариот континент. И ова се прави исклучиво со цел да се дискредитира Украина и нејзиното раководство како доверлив партнер на Западот, со цел да се создаде искривена перцепција од страна на меѓународната заедница, која е наводно „веќе уморна од руско-украинската војна“, за Кијив како држава-терорист. Не помалку интересно е и тоа зошто напаѓачите ја избраа токму Франција, која моментално е еден од лидерите во поддршката на Украина наспроти промената на правецот на Белата куќа. Покрај тоа, настанот некако „случајно“ се совпадна со посетата на францускиот лидер на САД.
Вреди да се напомене дека претходно, случаите слични на случајот во Марсеј беа поврзани конкретно со Кремљ, кој веќе одамна е „гуру во префрлување на вината“.
Да се потсетиме само на терористичкиот напад во Амбасадата на Украина во Шпанија во 2022 година, кога експлодираше поштенска пратка и беше повреден вработен во дипломатската мисија. Потоа, на адресите на истите пристигнаa пакети со органски животински делови (говедски очи). Изгледа само како продолжение на „Кум“. Додека во јануари 2025 година, повеќе од четириесет странски дипломатски претставништва на Украина, како и низа домашни државни институции, истовремено добија известувања за минирања.
На таков начин, русија користи инструменти за дискредитација според старата и добро позната на сите поговорка: „Држи го крадецот...“, имајќи при тоа огромен пропаганден потенцијал и други можности за вршење на диверзии во европските земји слични на наведените.
Антон Скљаренко
Линк до оригиналниот напис: https://intercourier.news/2025/02/25/hto-pershyj-krychyt-trymaj-zlodiya/
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
Можеби ќе ве интересира
Царинска несигурност – висока нестабилност на пазарите

УНИБанка АД Скопје ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од третата емисија

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење
