03 Мај, 2024
0.0260

ЛЕТНАТА СЕЗОНА НАБРГУ ПОЧНУВА - а за овие работници постои јагма на пазарот на трудот

Објавено во: Економија 06 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Недостигот од квалификувана работна сила во Германија може да се забележи во многу области. Рестораните не можат да најдат готвачи, болниците немаат лекари и медицински сестри, градежниците доцнат без мајстор - а базените нема да можат да работат без спасувачи.

Сезоната на отворен базен започнува за само неколку недели, а управата како и пред претходните неколку сезони очајно бара спасувачи и инструктори по пливање. Имено, без нив базените не можат да примаат гости и ќе останат затворени додека не го решат проблемот.

Ова веќе се случи, и токму поради тоа Здружението на спортови на граѓаните на Дуизбург започна кампања за „спасување на базенот“.

„Недостигот од персонал во индустријата е очигледен. Едноставно нема доволно луѓе на пазарот“, рече Марк Ридсхајм од менаџментот на здружението.

Операторите на базените во градот отворија постојан конкурс со минимални барања: Кандидатите не треба да закажуваат термин, можат да се појават во секое време и треба да понесат само костим за капење.

И другите германски градови се обидуваат да ги избегнат затворените базени. Во Есен, на пример, операторите активно бараат спасувачи во пливачките клубови.

„Се вклучивме во жестока борба за работниците“, рече Франк Ахзен од градскиот огранок на Германското здружение на оператори на базени и бањи.

Повеќето месни заедници ќе го затворат конкурсот за спасувачи и инструктори во следните неколку недели. Тогаш ќе биде јасно колкав е точниот дефицит за отворањето на летната сезона.

Покрај спасувачите, Германија има недостиг од 2.000 до 3.500 други работници во базените, вклучувајќи го и техничкиот персонал кој се грижи за квалитетот на водата, на пример.

Инаку, во земјата има околу 6.500 затворени и отворени базени. Во изминатите три години, многумина доцна отворија и го скратија работното време, а некои целосно ги затворија вратите за јавноста.

„Тоа сигурно ќе го има и оваа година“, изјави портпаролот на националното здружение за спасувачи, Мартин Холхауз.

Додека тој очекува некои од потребните квалификувани работници некако да се појават во наредните недели и месеци за барем привремено решение овде-онде, Холшауз предупреди дека „потребата на базенот за квалификувана работна сила не може да се реши денес за утре“.

Претседателот на Здружението на германски инструктори по пливање, Петер Хархајм, проблемот воопшто го гледа во самото општество.

„Сите сакаат да излегуваат за викенд, да се релаксираат и да уживаат во благосостојба, но ретко кој сака да работи за викенд и да придонесе за таква понуда“, рече тој. „Тоа не може да го решиме само ние од гранката.

(Извор: ДПА, Блиц.рс)

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски