ЛЕТОВО ЌЕ ГИ НЕМА ОМИЛЕНИТЕ ПРЖЕНИ КОМПИРИ НА ХАЛКИДИКИ? - грчките угостители „се мислат“ како да се борат со драстично поскапениот сончогледов зејтин
Објавено во: Балкан 25 Март, 2022
Пржените компири во таверните и рестораните на Халкидики се чини дека се првата „жртва“ на недостигот на сончогледово масло, па така угостителите размислуваат наместо пржени да служат печени компири или пак пржените јадења да ги отфрлат или намалат во менијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за информативниот портал „Гртајмс“, претседателот на комората на Халкидики Јанис Куфидис вели дека цените на сончогледовото масло се повеќе од двојно зголемени, веќе постои недостиг, па така сопствениците бараат алтернативни решенија.
„Сопствениците на таверните, рестораните или објектите за брза храна многу тешко наоѓаат сончогледовото масло, па така постојат размислувања или да се намали пржената храна или да се отстрани од менијата. Пржените компири се огромен проблем и алтернатива е да се заменат со печени компири, рече Куфидис.