31 Јули, 2024
0.0497

Левица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг“ Павле Трајанов доби функција

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Политичката партија „Левица“ од утрово со остра реакција на новата функција на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, при што посочуваат дека во првите неколку месеци на новата власт, „повторно се докажа погубната политичка пракса да се делат функции на пајтон партии, кои се дел од секоја власт“. 

- Последен во низа е случајот со Павле Трајанов од Демократски сојуз; кој ја доби функцијата Национален координатор за борба против тероризмот.

Освен што Павле Трајанов беше дел од власта на Заев и еден од поддржувачите на Преспанскиот договор, токму Трајанов беше силно напаѓан од ДПМНЕ за НЕПОТИЗАМ и КОРУПЦИЈА. Имено,  во 2022 година ДПМНЕ обвинуваше дека ,,во Демократскиот Сојуз нема идеологија, само корист и трговија со влијание- службени автомобили, службени телефони и бесплатен паркинг, во замена за штетни закони". Токму портпаролот Наум Стоилковски обвинуваше дека Павле Трајанов го користел јавното претпријатие ,,ГРАДСКИ ПАРКИНГ" за вработување на негови роднини, кумашини и партиски функционери - нагласуваат од Левица.

Исто така потсетуваат дека ДПМНЕ го обвинуваше Павле Трајанов за аферата во која противзаконски бил користен бесплатен паркинг од функционерите на Демократски сојуз, со што бил оштетен буџетот на претпријатието.

- Очигледно е дека на македонската политичка сцена повторно се случува реприза од 2017-та година. Како што во минатото Заев ги зеде под закрила сите криминогени елементи од власта на Груевски, така денес во владата на Мицкоски ги гледаме истите потрошени политичари, кои се приврзоци на секоја партија на власт. Наместо новата власт да ја расчисти аферата и криминалот кој се случувал во ,,Градски паркинг" под директорување на Демократскиот сојуз, денес сведочиме како од оваа партија се назначуваат заменици-министри и координатори, како "награда" што биле партнери во предавничкиот режим на ЗАЕВ - заклучуваат од Левица.

Можеби ќе ве интересира

„ТАКА ШТЕДАТ ДЕСНИЧАРИТЕ“: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите, реагира остро Апасиев

„ТАКА ШТЕДАТ ДЕСНИЧАРИТЕ“: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите, реагира остро Апасиев

И ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОТЕЦ ОЛИВЕР СО ПОМОШ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДОБРОВОЛЦИТЕ: „Добивме многу загрижувачки информации од Пехчево“

И ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОТЕЦ ОЛИВЕР СО ПОМОШ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДОБРОВОЛЦИТЕ: „Добивме многу загрижувачки информации од Пехчево“

ПОМОШ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ ПРИСТИГНА ОД СРБИЈА, СЕ ОЧЕКУВА ОД ЧЕШКА И ГЕРМАНИЈА: Ангелов апелира граѓаните сами да не се вклучуваат

ПОМОШ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ ПРИСТИГНА ОД СРБИЈА, СЕ ОЧЕКУВА ОД ЧЕШКА И ГЕРМАНИЈА: Ангелов апелира граѓаните сами да не се вклучуваат

КОМПЛЕКСОТ „СВЕТИ НАУМ“ ВО ОХРИД ДЕНЕСКА ЌЕ „ВРИЕ“ ОД ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА - еве кои се причините и што треба да правите

КОМПЛЕКСОТ „СВЕТИ НАУМ“ ВО ОХРИД ДЕНЕСКА ЌЕ „ВРИЕ“ ОД ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА - еве кои се причините и што треба да правите

ПОЛИЦАЕЦ БИЛ ПОВРЕДЕН СО НОЖ ОД МАЛОЛЕТНИЧКА - Полицискиот синдикат бара награди за полицајците кои ќе доживеат вакви инциденти

ПОЛИЦАЕЦ БИЛ ПОВРЕДЕН СО НОЖ ОД МАЛОЛЕТНИЧКА - Полицискиот синдикат бара награди за полицајците кои ќе доживеат вакви инциденти

СЕКОГАШ ПОГРЕШНО, СЕКОГАШ НЕДОВОЛНО: Пожарите ги гасиме на лето, но се гасат и превентивно, еве што мислат пожарникарите за состојбата

СЕКОГАШ ПОГРЕШНО, СЕКОГАШ НЕДОВОЛНО: Пожарите ги гасиме на лето, но се гасат и превентивно, еве што мислат пожарникарите за состојбата

СО МЕСЕЦИ ЧЕКААТ ЗА ОПЕРАЦИЈА, НО САМО ПОЛОВИНА ОД САЛИТЕ СЕ ФУНКЦИОНАЛНИ: „Операцијата ни беше откажана една недела пред терминот поради присуството на формалдехид“

СО МЕСЕЦИ ЧЕКААТ ЗА ОПЕРАЦИЈА, НО САМО ПОЛОВИНА ОД САЛИТЕ СЕ ФУНКЦИОНАЛНИ: „Операцијата ни беше откажана една недела пред терминот поради присуството на формалдехид“

ВЕЌЕ ТРЕТ ДЕН ДЕДО ТОМЕ НЕ Е ДОМА: Се бара помош од граѓаните за час поскоро да се врати кај своето семејство

ВЕЌЕ ТРЕТ ДЕН ДЕДО ТОМЕ НЕ Е ДОМА: Се бара помош од граѓаните за час поскоро да се врати кај своето семејство

Јанушев за обвинителката Стефанова: Обвинителството по допрен глас нека го провери нејзиниот имот, има различни муабети

Јанушев за обвинителката Стефанова: Обвинителството по допрен глас нека го провери нејзиниот имот, има различни муабети