30 Јули, 2024
0.0271

ДО КОГА ПОД КЛИМА: Сè поголем бројот на луѓето со пневмнонија среде лето, „виновник„ е бактеријата легионела

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Амбуланите и во текот на летниот период се преполни со луѓе кои имаат респираторни проблеми, а дел од нив се дијагностицирани со пневмонии. Лекарите велат дека станува збор за бактериски инфекции кои доколку не се лекуваат на време доведуваат до компликации, односно едно од најтешките долно респираторни инфекции-пневмонија. Некои од пациентите имаат тешка клиничка слика и со месеци се на боледување.

-Ова е петти по ред антибиотик што го пијам. Последната снимка на белите дробови ми покажа дека сè уште ми се познава дамка на едното белодробно крило и дека се уште ја немам до крај излекувано пневмонијата која ја добив кон средината на јуни. Сè уште сум на боледување, а симптомите иако имаат намален интезитет, уште чувствувам замор, тешко дишење и кашлицата едноставно не престанува, особено навечер и во утринските часови. По сите испитувања кои ги направив се докажа дека пневмонијата ми е предизвикана од бактеријата легионела која практично живее во клима уредите. А, во последните неколку месеци, од мај па наваму, како почнаа температурите да одат се повисоко и повисоко, практично постојано сум во климатизирани простории, како и во автомобилот. Се надевам искрено дека ова ќе биде последната доза антибиотик, бидејќи и ваквите лекарства дополнително ми го наламуваат имунитетот, посочува 43-годишниот Игор Р. Од Скопје

Она што е посебно значајно, според бактериолозите, кај некои симптомите на легионела воопшто не се појавуваат, додека кај други може да дојде до најлош исход.

-Легионерската болест или легионела е атипична пневмонија, односно многу тешка форма на оваа респираторна болест. Предизвикана е од истоимената бактерија Legionella pneumophila и е откриена во далечната 1976 година, кога се појавила епидемија на пневмонија меѓу членовите на американската легија во хотел во Филаделфија. Со текот на времето, оваа тешка форма на болеста на респираторниот систем стана позната како Легионерска болест. Легионелата се шири во топла вода бидејќи ја фаворизира температурата од 20 до 45 °C, па инфекцијата најчесто се јавува по вдишување на загадени капки вода. Оваа бактерија може да живее во многу системи за водоснабдување на големи згради, а инфекцијата се јавува со прскање од туш, славина или топла када. Бактеријата може да се најде и во јавни базени, заради што советуваме, иако е премногу жешко ова лето, да не се користат толку често. Живее и во кули за ладење, градски фонтани и секако во системите за климатизација.

Инаку, првите симптоми на легионерската болест почнуваат да се појавуваат во рок од два до 14 дена по изложувањето на бактериите, обично се слични на грип и најчесто вклучуваат покачена телесна температура над 40 степени, кашлица, болки во мускулите, болка во градите, тешко дишење, замор...

И покрај тоа што овие симптоми не се опасни по живот, Легионерската болест може да има и потешка клиничка форма која вклучува пневмонија, а може да влијае и на други органи како што се црниот дроб, бубрезите, дигестивниот тракт и централниот нервен систем. Лекувањето на легионела се спроведува со специфична антибиотска терапија навреме, веднаш штом се посомнева лекарот на болеста, бидејќи подоцнежниот третман може да не ги даде очекуваните резултати.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

СДСМ: Итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи

СДСМ: Итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи

МВР ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонијa

МВР ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонијa