НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО НАДЗОРНИОТ И УПРАВНИОТ ОДБОР НА МЕПСО: еве кој ќе биде претседател и директор на УО
Објавено во: Економија 30 Јули, 2024 11:18
Избрани се нови членови на Управниот и Извршниот одбор на АД МЕПСО, соопштуваат од Министерството за транспорт, од каде потенцираат дека „приоритет е стабилизација и развој на електропреносниот систем“.
- Министерството за транспорт како единствен акционер на АД МЕПСО ги назначи новите членови на Надзорниот одбор на компанијата.
За членови на Надзорниот одбор на Операторот на електропреносниот систем АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем - во државна сопственост Скопје, избрани се: Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ - се наведува во соопштението испратено од министерството до медиумите.
Воедно се дополнува дека на вчерашната седница, Надзорниот одбор ги избра членовите на Управниот одбор и тоа во состав: За претседател на Управениот одбор и директор е назначен Бурим Љатифи, заменик директор Александар Пауноски, а за членови назначени се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.
- Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компнијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници.
Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа - се нагласува во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




