18 Мај, 2024
0.0350

„Левица“: Сегрегацијата на невакцинираните граѓани е нечовечна и противуставна

Објавено во: Македонија 08 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Сегрегацијата на невакцинираните граѓани е нечовечка и противуставна, реагира политичката партија „Левица“ по одлуката на Владата од 16 авгист да се забрани влез за неимунизирани на организирани настани и во угостителски објекти каде што има повеќе од 30 присутни.

„Како политичка партија која сериозно го сфаќа прашањето на јавното здравство, сметаме дека е исклучително важно состојбата со пандемијата да биде внимателно третирана и нејзиното управување да биде пред сè хумано!

Земајќи ги предвид сите фактори на влијание, Левица – чии пратеници во Собранието на Република Македонија избраа да се вакцинираат – смета дека вакцинирањето против Ковид-19 мора да остане и да биде на доброволна основа и дека нема никакво рационално оправдување за најавените рестриктивни владини мерки насочени само кон невакцинираните граѓани.

Дополнително, сметаме дека најавите за рестриктивни мерки кон невакцинираните се длабоко дискриминаторски во својата основа и истите, како одраз на неолибералниот корпоративизам, се противуставни! Овој наш став, кој е во согласност со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа, го темелиме на повеќе стручни и издржани, правни и медицински аргументи“, се вели во реакцијата.

Од таму додаваат дека граѓаните не се виновни што немаат доверба во институциите, немаат доволно транспарентни информации и јасна слика на состојбата, дека пропишаните мерки досега биле несоодветни, здравствениот систем слаб.
„Левица“ смета дека  инсистирање на вакцинирање на граѓани кои го прележале коронавирусот и имаат стекнат имунитет е нехумано и дека информациите покажуваат дека и вакцинираните можат да се заразат и да го шират вирусот.
„Која е логиката на забрана за движење на невакцинирани граѓани со цел да не бидат потенцијални ширачи на вирусот, а од друга страна, вакцинираните, кои докажано можат да го шират вирусот, да можат слободно да се движат насекаде?! Во ваков случај, вакцинираните може да станат и поголема опасност од невакцинираните и сметајќи дека се заштитени, да се заразат себеси и другите околу нив, лажно верувајќи, поради дадените привилегии за слободно движење, дека вакцината целосно ги штити нив и луѓето од нивната околина“, гласи ставот на партијата.

Од „Левица“ бараат Владата да покаже високо ниво на одговорност и во случај на несакан ефект од вакцините по зравјето на луѓето, да ја преземе одговорноста и брзо да реагира со обесштетување. 

„Бараме од Владата на РМ итно да ja повлече овaа своја контроверзна одлука, а истовремено апелираме до граѓаните да бидат свесни и да внимаваат на своето здравје, затоа што системот е срушен и не може да им пружи најдобра услуга. Заедно и солидарно, нема да дозволиме оваа корумпирана врхушка да го отвори прозорецот на тиранијата“, гласи на крај соопштението.


Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци