27 Април, 2024
0.0289

ЛЕВИЦА: ЗАСТАРУВАЊЕТО НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА Е СПАС ЗА КОРУМПИРАНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ - заеднички и сложно се амнестираат

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

По бројните написи дека застаруваат делата на лица кои во земајва се прогласени или се обвинети за криминални дејствија, од политичката партија Левица велат дека трите најголеми политички партии во земајва заеднички се амнестираат. 

Според нив, доказ е секојденвното застарување на кривичните дела и затоа потенцираат дека предложиле измени во Кривичниот закон. 

Сведоци сме на секојдневно застарување на кривичните дела поради постојано укинување на првостепените одлуки заради суштествени повреди, судење во отсуство, но и многу други причини. Најсвежо е апсолутното застарување во предметот со Даравелски, кој се терети дека го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра.

Јасно е дека намерно и свесно, естаблишментот на СДС, ДПМНЕ и ДУИ заеднички и сложно се амнестираат изминатите три децении, а институтот застареност е само легална алатка за колективна амнестија на нивните криминали. 

Левица преку своите пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предложи измени на Кривичниот законик, со цел зголемување на рокот за  застареност на кривичното гонење, на извршување на казната, но и во поглед на прекинот на застарувањето на извршувањето на казната. Овие измени на Кривичниот законик се однесуваат на кривични дела против јавните финансии, државата, службена должност, а кои дела најчесто се извршуваат од страна на корумпираните политичари кои владеат со Македонија.

Кривични предмети кои застаруваат, криминални политичари на слобода чие богатство останува нечепнато, ја намалува и така ниската доверба во судскиот систем. Затоа, овој предлог на Левица, како единствена анти-естаблишментска партија, е со цел да се спречи селективната правда и да се овозможи почитување на уставните темелни вредности, како владеење на правото и правната сигурност - стои во постот на Фејсбук страната на Левица.



Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори