Лицата со посебни потреби во Македонија имаат ограничен пристап до здравствени услуги
Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 10:00
Во рамки на проектот ,,Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” имплементиран од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп големо внимание е посветено на здравствените услуги и осигурување кое го добиваат лицата со хендикеп во земјата.
Според информациите со кои располагаат имплементаторите на проектотлицата со посебни потреби во Македонија имаат ограничен пристап до здравствени услуги од што произлегува општото незадоволство на услугите на здравствена заштита, а тоа најмногу се препишува на фактот дека во Македонија осигурениците имаат право на здравствено осигурување до навршување на 26 години.
“Земајќи го во предвид фактот дека постои група на лица со хендикеп кои се работо неспособни, дека сеуште се справуваме со проблем на мал број на компании кои сакаат да вработат лице со хендикеп и поради тоа оваа категорија на граѓани не е во можност да се стекне со здравствено осигурување по навршувањето на 26 години очигледна е потребата од ревидирање на законот за здравствено осигурување и обезбедување на бесплатни здравствени услуги за лицата со хендикеп” велат од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и Здружението на студенти и младинци со хендикеп од Скопје.
Конвенција за правата на лицата со попреченост е усвоена во рамките на Обидинетите Нации на 13 декември 2006 година. До јануари 2011 година ја имаат ратификувано 97 држави. Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на 30 март 2007 година, а ја ратификува на 5 декември 2011 година.
Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН, претставува прв меѓународно правен и обврзувачки инструмент преку кој се утврдуваат минимум стандарди за правата на лицата со посебни потреби. Целите на Конвенцијата проникнуваат од осум приоритетни области, од кои под реден бр.7 е Здравството: еднаков пристап до здравствени услуги и сродни здравствени установи за лица со посебни потреби. Согласно со Конвенцијата се гарантира правото за сестрана и еднаква здравствена заштита со еднаков квалитет за лицата со посебни потреби, и се регулира правото за највисок достапен стандард во здравството без дискриминација врз основа на попреченост. Повеќе информации за проектот и активностите во рамки на истиот може да се добијат со контакт на лицето Марија Димитровска, marija.dimitrovska@predaplus.eu.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




