Лице кое се претставило дека е од кабелска нападнало кумановка во нејзиниот дом
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2021
Сопружници од Куманово пријавиле во полиција дека ги нападнало едно лице. З.М.(33) од Куманово пријавила дека едно лице ја нападнало во нејзиниот дом.
Лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари, тој ја нападнал. За неколку минути дошол нејзиниот сопруг и почнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот е подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.