Добивај вести на Viber
За да се збогати некој, не само што треба да биде способен и да има среќа, туку треба да има и соодветен профил и анфас. Така барем тврдат британските стручњаци, кои ги проучувале цртите на лицата на некои од најбогатита луѓе на светот (како Роман Абрамович, војводата од Вестминстер, наследничката на Хајникен...) и на основа на тоа направиле модел на лице, чиj што сопственик би имал најголеми шанси да стане успешен деловен човек.
Научниците заклучиле дека машкиот модел на лице кое гарантира богатство има римски нос, широко оддалечени очи и големи нозди, додека мажот со прчест нос, најверојатно нема да биде успешен бизнисмен.
Кога станува збор за женскиот модел на лице предодредено на богатство и успех, тоа треба да има вдлабнатина над горната усна која вертикално се спушта од носната преграда, високо чело и густи веѓи.
- Успехот во работењето се сведува на многу фактори од кои еден е нашето лице. Но ако вашето лице се разликува од она на „лицето на богатите‘‘ тоа не значи дека немате шанси за успех, бидејки за успешен бизнис најважно е да бидете во право верме на право место- истакнува Марк Рајли , одговорниот за објaвување на ова истражување.
Во исто време, Џорџ Роман, експерт во студијата за карактери, вели дека цртите на лицето го окриваат и нашиот карактер. Тој тврди дека луѓето со мека и тенка кожа се емотивно и физички чувствителни, додека полната долната усна укажува на спонтаност, отвореност и дарежливост.