Лидл отвора продавница во Македонија?

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2020 12:56
Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, дознава InStore од свои извори.
Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но изворите кажуваат дека подготовките на „Лидл“ веќе се влезени во сериозна фаза.
Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдиле, ниту децидно ја демантирале информацијата.
Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија, одговориле од „Лидл“ на прашањето на InStore за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар.
Според нашите извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МУ ПОДГОТВНИ ОДГОВОР НА ТРАМП: Фон дер Лајен: Предложивме нула царински стапки

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти
