19 Август, 2018
0.3029
    ALK 7956.45    -0.54%     GRNT 793.88    -1.36%     KMB 5168.81    -0.47%     MERM 2006    126.41%     MKSD 204    0%     MPT 44500.29    -1.11%     MTUR 4600    -1.08%     OHB 6500    -0.01%     OKTA 4215.18    -6.1%     PPIV 44500    -1.13%     RADE 1700    -0.12%     RMDEN17 96.02    -0.08%     RZEK 30    0%     RZTK 511    0%     RZUS 120    -2.94%     STB 1031.49    0.11%     STIL 131.22    -1.34%     TEL 277.4    -1.52%     TNB 14130    -0.46%     TTK 1146    -0.09%     UNI 2400    0.04%     VITA 8767    3%

Лила: Татко ми единствено ми замеруваше за двата разводи

Објавено во: Стил 12 Август, 2018



Беше горд што сум факултетски образована и што си го остварив сонот. Беше моја ѕвезда водилка, човек за пример, столбот во семејството, вели популарната водителка Лила Стојановска која за „Женски магазин“ одлучи првпат јавно да проговори за смртта на нејзиниот татко Милан кој почина пред три и пол години од канцер.

Болеста му била доцна дијагностицирана во поодмината фаза, иако бил дисциплиниран пациент кој редовно одел на лекар.

- Сѐ се случуваше неочекувано брзо. Кога го изгубивме ми требаше време да се соземам. И денес ми е тешко да зборувам. Времето поминува, но болката не се намалува. Сѐ е исто само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно. Баш го сакаше животот – раскажува Стојановка.

За нејзиниот родител таа зборува во суперлативи. Функционирале како најдобри другари, најмногу им се радувала на заедничките прошетки, бил остар и директен, но секогаш реален во излагањата.

-Беше среќен  кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми замери се моите два развода. Немаше конзервативни сфаќања, туку едноставно сакаше да се заштитам себе си.Во секој случај беше моја голема поддршка. Тој беше онаа машка фигура која одигра важна улога во растењето на син ми Филип. Имаше огромно влијание во тој дел, за многу мои ситуации имаше разбирање и решение – открива водителката.

„Татко ми беше среќен  кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми замери се моите два развода“, открива Лила 

Заштитното лице на многу македонски брендови и домаќинка на телевизиското гејм-шоу „Сѐ или нешто“ токму пред смртта на татка си вистински почувствувала на своја кожа колку е сурова јавната професија.

-Речиси три месеци од болница одев директно на снимање. Останав насмеана пред камерите и во моментите кога знаев дека веќе ништо нема да биде исто во мојот живот. Пред натпреварувачите во студиото не покажував никаква емоција и секоја епизода од квизот ја одработив професионално до крај. Тоа не го умее секој – завршува Лила.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАДЕ СЕ НАОЃА: Скриена плажа која одзема здив и треба да ја посетите

(ВИДЕО) КАДЕ СЕ НАОЃА: Скриена плажа која одзема здив и треба да ја посетите

(ВИДЕО) ШАНГАЈ-„ЗЕМЈА НА ЧУДАТА“ - Никнува хотел со 16 ката под земја

(ВИДЕО) ШАНГАЈ-„ЗЕМЈА НА ЧУДАТА“ - Никнува хотел со 16 ката под земја

ОДМОР ЗА ЕВТИНИ ПАРИ: Зошто е најдобро и каде да летувате во септември?

ОДМОР ЗА ЕВТИНИ ПАРИ: Зошто е најдобро и каде да летувате во септември?

Новинарката Катерина Гетева ја открива тајната: Како ослабела 31 килограм

Новинарката Катерина Гетева ја открива тајната: Како ослабела 31 килограм

TОП ПЕТ ДЕСТИНАЦИИ ЗА 2019: Eдна земја е од Балканот

TОП ПЕТ ДЕСТИНАЦИИ ЗА 2019: Eдна земја е од Балканот

(ВИДЕО) Прво интервју: Елена Велевска проговори за семејното насилство

(ВИДЕО) Прво интервју: Елена Велевска проговори за семејното насилство

Мајчинството не е трка: Инспиративна колумна на Силвија Митевска

Мајчинството не е трка: Инспиративна колумна на Силвија Митевска

Мадона полни 60 години: Модна трансформација на кралицата на поп музиката

Мадона полни 60 години: Модна трансформација на кралицата на поп музиката

Елена Велевска ги потврди гласините за развод: Од идиличен брак до семејно насилство

Елена Велевска ги потврди гласините за развод: Од идиличен брак до семејно насилство