ЛИМАНИ, ДУРМИШИ, СУЛЕЈМАНИ: БЕСА ги избра кандидатите за министри

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024 22:00
БЕСА ги избра кандидатите за министри во новата Влада.
Собранието на Движењето БЕСА го одржа 10-тиот состанок на кој се разговараше за приоритетите и заложбите на партиските кадри за време на идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за државните функции во новата Влада, кои што парламентот ќе треба да ги избере.
На состанокот е одлучено Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик министер за култура и туризам.
„Во текот на дискусијата, Собранието на Движењето БЕСА едногласно утврди дека без компромис партиските претставници во Собранието и во извршната власт ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма:
– Борбата против криминалот и корупцијата
– Реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и
– Економски развој на државата.
Можеби ќе ве интересира
„Нептун“ го носи „Miele“ на македонскиот пазар - Премиум апарати, модерна естетика и долгорочна употреба
ГАРДЕРОБА, ФРИЗУРА, ШМИНКА: Колку трошат младите за да се спремат за матурската вечер?

И СО 15 ГОДИНИ ИСКУСТВО – ПРВО ВОЛОНТЕР, ПА ХОНОРАРЕЦ: Најави за вработувања на средномедицински кадар има постојано, но за кого се работните места?

„ЗЛАТНА ДА Е ВИЗАТА“. И Шилегов се огласи за златните визи на Заев и Филипче, дали тој ги критикува?

„ЕУ ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА САМАТА ОД СЕБЕ“: Величковски за споредбите помеѓу ситуацијата на Украина и земјава вели дека се безобразни

НИТУ ХАЈРЕДИНИ НЕ МУ ВЕРУВА НА ТАРАВАРИ ДЕКА ЗАМИНУВА КАЈ ГРАЃАНИТЕ: „Вистинската причина останува енигма“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам
