Лименка Златен Даб од 0,5 литри
Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2015 13:16
Прилепска Пиварница деновиве на македонскиот пазар ја лансирашенајновата лименаамбалажа на Златен Даб од 0,5литри, со што го заокружува своето портфолио Златен Даб амбалажи и уште еднаш потврдува дека е модерен бренд кој ги следи потребите на своите верни љубители. Едноставно, уникатниот вкус со висок квалитет, сега доаѓа во нова лимена амбалажа која го освежува имиџот на Златен Даб, а им е посветена на сите оние кои се чувствуваат слободни, динамични, урбани и кои знаат што сакаат.
„Создавањето на лименката Златен Даб е одговор на бројните барања од нашите најверни корисници. Иако се чекаше долго на појавата на лименката, сега е вистинското време омиленото македонско пиво да го најде своето место на пазарот и да биде уште подостапно за консументите, отсега и волимена амбалажа со возбудлив и неодолив дизајн. Станавме препознатливи по врвниот квалитет на нашето пиво, но и по иновативниот пристап во градењето и развивањето на брендот, што го потврдуваме и заокружуваме со новата лименка“, изјави Александар Чатлески, бренд менаџерот на Златен Даб.
Златен Даб лименката се карактеризира со модерен и автентичен дизајн, кој е резултат на детално истражување на потребите и навиките на новата генерација која е постојано во потрага по нови, возбудливи нешта. Дизајнот ги следи трендовите во пиварската индустрија, при тоа ги задржува препознатливите бои и симболи на брендот, за да ја направи новата Златен Даб лименка уникатна уште на прв поглед. Во однос на нејзината форма и практичност,таасовршено се вклопува во рака, лесно се отвора и е подготвена да го следи својот консумент во секој чекор. Сè на сè, оваа Златен Даб лименка е тука за да понуди уживање од аспект на вкус, естетика и доживување.
Судејќи и по одличните реакции на социјалните мрежи, Златен Даб лименката е веќе дел од секојдневниот ритам на своите фанови, чиј број расте секој ден.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете






