28 Април, 2024
0.0258

Лице за парада или за односи со јавност!

Објавено во: Колумни 26 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Односите со јавноста (PR-от) се една од можеби најпопуларните професии во денешно време, но истовремено и вулгаризирана,  извикана  професија, за која луѓето имаат погрешни сознанија. Обичните луѓе не прават разлика меѓу портпарол, експерт за протокол, модератор или специјалист за односи со јавност, односно сите тие за нив се ПР. Но секако за тоа голема улога имаат и институциите кои ги вработуваат и поединците. Не ретко се случува одредена институција да вработи лице одговорно за односи со јавноста според неговиот изглед, не земајќи во предвид други критериуми, а најмалку суштината на професијата. Се тргнува од тоа дека таа личност со својот изглед ќе ја претставува институцијата, и според тоа како изгледа јавноста ќе креира перцепција за институцијата! Портпаролот е лице кое најчесто пренесува одредени ставови во јавноста кои се подготвени токму од специјалистите за односи со јавност. ПР-от не треба да биде само параден коњ, или хостеса, туку да поседува и други вештини, пред се способност да дава добри совети по прашања поврзани со имиџот, перцепцијата и кредибилитетот во јавноста. Лицето одговорно за односи со јавност ако сака да биде добар во она што го работи, треба во сржта да ја познава проблематиката на својот клиент, да има однос на целосна доверба, да знае работи што можеби само првиот човек на компанијата ги знае, и ретко кој друг. Да заземa став по одредени прашања поврзани со имиџот во јавноста, да рече не, дури и кога клиентот очекува сосем спротивно. Да се грижи за компанијата, брендот, како за свое дете! Најдобрите ПР примери и искуства произлегуваат кога постои длабок однос на доверба меѓу клиентот и специјалистот за односи со јавност. Кога тие комуницираат на еднакво ниво, имаат партнерски однос,  кога нема страв  и ароганција (јас те плаќам, ќе правиш како што ќе ти кажам!). Само во такви услови ПР-от може да напредува, да биде мотивиран и да дава најдобри совети. Доколку ова не постои, ПР-от е само егзекутор на одредени (наметнати) решенија кои најчесто не се интересни ниту за медиумите, уште помалку пак за пошироката јавност, и реално не може да придонесе повеќе. Лицето за односи со јавност не може да биде експерт за се, и токму затоа во иднина се почесто ќе се наметнува ПР сегментација, појава на специјалисти по одредени области (политички, бренд, корпоративен, социјален, персонален, технички ПР итн.) Тоа е и нормално, бидејќи некои работи некому му,, лежат,,, ги разбира, додека од други области има  помалку познавања. Лицето за односи со јавност препознава добри вести, квалитетни ПР идеи, а по нив предлага соодветни ПР алатки или канали за промоција. Секогаш настојува информациите кои ги креира да бидат од интерес на јавноста, а во нив да има содржина, едукација, истражувања и се она што ќе даде вредност на информацијата. Добриот специјалист за односи со јавност најчесто има вештина да креира свој текст, а што во многу случаи ја олеснува работата и на новинарите. Секогаш му се важни односите со засегнатите страни, и притоа сака да биде искрен и принципиелен, бидејќи знае дека релациите се важни на долг рок. Важно е да биде етичен и да ја почитува конкуренцијата. Искрено верувам дека ,,Односите со јавноста,, е многу специфична професија, за која се важни комуникациските вештини. Со текот на годините, искуството може да помогне полесно да се справиме со одредени ситуации, но ако лицето кое ова го работи, ако не се пронаоѓа во оваа професија, ако вистински не му лежи, нема да може подлабоко да навлезе во неа. Овој е текст е само обид за афирмација на професијата, и барем малку надминување на одредени деградации и извртувања.    

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД