19 Мај, 2024
0.0258

Љубе Бошкоски: Имам многу контакти со странски инвеститори

Објавено во: Економија 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Љубе Бошкоски, неодамна назначен за советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев, за „Независен“ ги изнесе своите аргументи за тоа зошто е ангажиран на таква позиција и даде опис на работното место.

Знам дека многумина и за мене велат дека не сум стручен и талентиран за тоа што го работам, односно за привлекување странски инвестиции, но јас години и години од животот минав и работев во туѓина, воспоставив и одржувам контакти со многу странски инвеститори, така што ќе оставам времето да каже дали и колку добро сум ја завршил доверената задача“, вели Љубе Бошкоски, кој од неодамна го советува Заев за странски инвестиции.

Објаснува дека советниците не се обврзани да се гледаат меѓусебно, дека немаат стриктно работно време и се целосно независни еден од друг.

Не гледам ништо чудно во тоа, особено што мојата работа е да се состанувам со потенцијални инвеститори, да разговарам со нив, да им ја претставам стратегијата на Владата, политиките што ги води во таа област и за тоа да го известам премиерот. Мојата комуникација е исклучиво со него“, ни рече Бошкоски.

Тоа е индиректен одговор и на прашањето како ќе соработува со екскомандант на ОВК, а на прашањето да го оцени неговиот интелектуален капацитет, вели тој што оценува нечиј капацитет повеќе зборува за себе отколку за другиот.

Ние 15 години живееме во рамковна Македонија, сѐ што беше превидено со тој договор е реализирано. Ако сакате подиректно, најрадикалните и најхрабрите чекори во имплементирањето на тој договор ги презеде токму владата на Никола Груевски, па сега малку е чудно да се прават патриоти. Сега со крупни чекори газиме напред, одиме кон НАТО и кон ЕУ, да се фокусираме на тоа“, заклучува предводникот на Обединети за Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?