Љупчо Николовски: Сите функционери на СДСМ остнуваат на 14.500 денари, разликата ќе ја донираат
Објавено во: Македонија 30 Април, 2020
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски соопшти дека сите функционери на СДСМ, и покрај одлуката на Уставниот суд, за април и за мај ќе земат минуималец од 14.500 денари, а остатокот ќе го донираат во Фондот за борба против коронавирусот.
„По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот.
Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд“, соопшти Николовски.
Разбираме, вели тој, низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици.
„Справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас. Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за интересите и во интерес на граѓаните“, вели генералниот секретар на СДСМ.
Оваа одлука завчера и вчера јавно ја соопштија неколку директори и градоначалници од редовите на владејачката партија.
Уставниот суд преиспитувањето на владината Уредба за минималец на функционерите ја оправда со своите аргументи дека таа е неуставна и дискриминаторска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.