17 Мај, 2024
0.0276

ЛОНДОН, ПАРИЗ, РИМ-Каде во Европа е најскап, а каде најевтин паркингот?

Објавено во: Стил 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Најскап европски град за паркирање е Лондон, објави европскиот портал Ubeeko, специјализиран за автомобилски сообраќај и патувања.

Во Лондон час паркирање просечно чини 10,40 евра .

Во првите пет најскапи градови за паркирање се Стокхолм, Атина, Осло и Милан каде за час паркинрање во просек се плаќа од пет до осум евра што тие градови ги прави скапи за туристите кои сакаат да патуваат со автомобил.

Релативно поднослива цена на паркирање има во Амстердам, Париз, Минхен и Рим каде за паркинг треба да издвоите од 4,20 до 4,70 евра.

Најевтино е паркирањето во средна и источна Европа бидејќи во Будимпешта тоа чини 1,60 евра за час, во Прага 1,30 евра, а во Варшава евро.

Податоците за цените на паркирање и паркинг места во цела Европа може да се пронајдат на специјализираниот портал Паркопедиа, се заклучува во извештајот.