14 Мај, 2024
0.0243

Луѓе со кратка меморија!

Објавено во: Колумни 24 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Дали ви се случило, разговараш со некого, сте се договориле нешто, сте се ракувале, а веќе утре човекот со кого сте го правеле муабетот , тврди нешто спротивно. Тоа е многу интересен феномен за луѓето  со кратка меморија.  А јас упорен,, Ама ве молам нели кажавме вака и вака ќе правиме, па дури и пренесувам целосна, автентична негова изјава” но човекот ,,мува не го лази,, и ви тврди дека тоа не било така договорено, и си ја врти водата кон својата воденица. Паметам уште една случка поврзана со еден мој поранешен пријател, каде иако имаше сведоци тој тврдеше дека настанот не се случил. Седевме тројца другари кај мене дома, и го храбриме пријателов да се јави кај една девојка која многу му се допаѓа. Едвај собра храброст за да и го сврти бројот,  да ја покани да излезат, претпоставувам дека  таа ладно го одби, по изразот на лицето, откако ја затвори слушалката.  Ние за да не му би де потешко, не поставуваме прашања, туку си продолживме да разговараме за други теми. По извесно време, го прашувам што направи ја побара ли пак, а  тој чудно ме погледна, и ми вели ,, Кога јас сум се јавил, за да се јавам сега пак.. Колку сме ние луѓето интересни! Луѓето ги паметат само оние работи кои им будат позитивна емоција. А набрзина сакаат да ги затрупаат во себе лошите настани. Затоа е оваа амнезија на мојот пријател. Попладнето сме хумани, и донираме за настраданите во Србија и Босна, а веќе навечер со палка во рака кршиме излози на продавници во општина Ѓорче Петров, и извикуваме неубави работи! Зарем брзо се заборави кога момчето Албанче настрада  во обид да го одбрани својот другар Македонец. Таков е човечкиот ум да вади од мозочните фиоки информации по потреба. А ако рациото не работи тогаш ќе не водат емоциите. “Човек за збор се врзува а вол за рогови” поговорка која денес, како да е за раритетни луѓе. Се помал е бројот на луѓе кои не се држат до дадениот збор, или кои не придаваат значење на она што  го кажале. Во таква ситуација, како можеш со некого да развиваш подлабоки партнерски бизнис релации, кога немаш целосна доверба во соработникот?! Дололку не си го исполнил зборот, и уште полошо кога не чувствуваш никаква одговорност за тоа. Токму довербата, односно фактот да знаеш од некого што можеш да очекуваш влијае на воспоставувањето пријателски односи. Во друштво на пријателите треба да се чувствувате опуштено, да бидете свои, да можете слободно да го кажете своето мислење и да се потпрете на нив. Тешко дека луѓе со кратка меморија, кои многупати не си го одржале својот збор, можат да се наречат другари или пак деловни пријатели. Тука нема основ за било каква врска. Некогаш и инстиктот не води кон одредена констатација. Едноставно, присуството на некои луѓе не ни овозможува да се опуштиме, тоа е можеби поради нивното претходно однесување или пак поради нешто во нас, што интуитивно го насочува нашето чувство. Луѓето со кратка меморија можеби полесно си поминуваат во животот, бидејќи селективно се сеќаваат на работите, не преземаат  одговорност за она што го кажале, па дури и направиле, не си земаат на душа ништо..едноставно ветар не ги вее! Но сите не сме исти! И добро е што е така. Можеби сме од стар ков, конзервативни, но секогаш е подобра опција да се биде човек од збор, некој во кого се има доверба, на кого другите може да се потпрат, и од кого се знае што може да се очекува. Бидејќи таквиот не може да биде хуман на пладне, а навечер да биде вандал. Постојаноста е одлика на добрите, за кои системот на вредности е секогаш ист, без оглед на времето и расположението. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка