Луѓето останаа без трошка љубов и емпатија во себе: Интервју со Силвија Митевска
Објавено во: Стил 14 Ноември, 2018 08:53
За расказот „Присвоено јунаштво“, активистката и писателка Силвија Митевска, неодамна ја освои првата награда за краток расказ од Нова Македонија. Ова го искористивме како мотив да направиме една кратка средба со неа. Силвија е мајка на две прекрасни деца, но едновремено и активистка која се залага за придобивките од спортувањето кај жените. Таа е параглајдеристка, а досега има издадено две книги: „Додека Данте спие“ и „Шепотот на Данте“
* Неодамна ја добивте наградата за краток расказ за „Присвоено јунаштво“. Ова не е ваша прва награда. И минатата година од Италија се вративте со награда. Интересно е што оваа награда е за расказ во кој еден од главните ликови е куче. Која ви беше целта со овој расказ? Која е неговата мисија?
- Оваа беше мојата прва награда во Македонија и многу ми е драга од две причини: најпрво зашто расказот е мојата омилена форма на раскажување и второ затоа што конкурсот на Нова Македонија е долготраен, со традиција и на овој конкурс се пријавуваат огромен број на талентирани писатели и автори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





