ЛУКАШЕНКО ЗА ТЕРОРИСТИТЕ КОИ ИЗВРШИЈА НАПАД ВО МОСКВА: Прво се обидоа да влезат во Белорусија
Објавено во: Свет 26 Март, 2024
Напаѓачите од Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија.
„Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека напаѓачите кои убија 139 луѓе во концертна сала во близина на Москва се „радикални исламисти“. Тој во текот на викендот појасни дека четворица од напаѓачите се уапсени додека се обидувале да побегнат во Украина. Украина негира дека е вмешана во нападот. ИСИС ја презеде одговорноста за нападот, но и се закани со нови напади, затоа што терористите биле мачени.
foto president.gov.by