20 Декември, 2025
0.0645

„ЛУКОИЛ„ не планира продажба на малопродажните активи надвор од Русија

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2017 10:29

Добивај вести на Viber

„ЛУКОИЛ„ не планира понатамошна малопродажба на активите надвор од границите на Руската Федерација.

Компанијата заврши со реорганизација на мрежата на бензински станици во европските земји којa ja спроведе во 2015-2016г. со цел  да се сконцентрира на активите кои се максимално интегрирани во производниот ланец на европските рафинерии на Компанијата.

На состанокот кој беше одржан во централата во Белград во„ЛУКОИЛ Србија„, на кој беа сумирани резултатите од работењето во сегментот на прометот на нафтени деривати на Групацијата „ЛУКОИЛ„, првиот подпретседател на  „ЛУКОИЛ„ Владимир Некрасов ја потврди завршната програма на оптимизација на странските малопродажни активи на Групацијата.

Ја завршивме продажбата на малопродажната мрежа на бензински станици во Полска, Литванија, Летонија, Естонија, Украина и на Кипар. Планот за 2017г. предвидува натамошни суштински измени на структурата на претпријатието во овој бизнис.

Некрасов, исто така истакна дека малопродажниот сегмент на „ЛУКОИЛ„ надвор од Руската Федерација во текот на 2016г. забележа позитивни резултати- достигнат е пораст на основните показатели во однос на 2015г. Обемот на продажба преку малопродажната мрежа и  големо продажбата во однос  на 2015г. е пораснат за 3%, односно 7%. Зголемувањето на продажбата на брендираните моторни горива „ЕКТО„ надвор од границите на Русија изнесуваше10% во 2015г. Оперативната добивка на компаниите надвор од Руската Федерација, кои вршат промет на нафтени деривати, во 2015г. порасна за 5%.

Во рамки на задачите за 2017 година „ЛУКОИЛ„ зацрта исполнување на планските показатели на инвестиционата програма, зачувување на уделот на пазарите, активен развој на бизнисот со стоките од дополнителниот асортиман и понатамошна промоција на брендираното гориво „ЕКТО„.

Странската малопродажна мрежа на Групацијата „ЛУКОИЛ„ опфаќа 17 земји, вклучувајќи ги и земјите од ЗНД (Заедница на независни држави- бившите земји на СССР), Европа и САД. Во нејзин состав влегуваат 54 нафтени складишта на вкупен капацитет 1,46 милиони кубни метри и 2706 бензински станици ( вклучувајќи бензински станици под закуп и франшиза).

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии