07 Октомври, 2024
0.0257

Луковски - Иванов го помилува, СЈО го осомничи, „Рекет“ му е нова мака

Објавено во: Македонија 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Неговото име е споменато во еден од разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Жарко Луковски поранешниот извршен директор на „Т-мобиле“ и е познат на јавноста доста, а денеска по втор пат сведочеше како сведок во случајот „Рекет“. Во објавените снимки сега притворениот Бојан Јовановски - Боки 13 на Орце Камчев му вели дека  „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“. 

Дали и што од ова е точно и како тој е вмешан во случајот ќе покаже истрагата. Тој претходно или во октомви 2018 година беше еден од осомничените во случајот „Базни станици“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство. 

Тој случај според информации од СЈО се уште е отворен. 

Луковски важеше за човек близок со високото раководство на ВМРО- ДПМНЕ, а негов кум е Сашо Мијалков.

Го поврзуваа со оф шор фирми, но конкретни истраги немаше се до 10 октомври лани кога Специјалното Јавно обвинителство го осомничи во случајот „Базни станици“. Луковски е еден од лицата кои беа помилувани од поранешениот претседател Ѓорѓе Иванов, потег по кој ескалираа протестите во земјава.


Во случајот кој го објави СЈО, Луковски во 2011 година, како главен извршен директор на Т-мобиле Македонија ја искористил положбата и на градежната компанија Бетон и овозможил да стекне имотна корист од 3,5 милиони евра со што им нанел штета на акционерите и на државата.

Според СЈО, Луковски во 2011 година побарал финансиска понуда од Бетон за легализација на нејзините базни станици, иако Т-мобиле Македонија поседувал соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа во износ од по околу 3.000 евра по објект.

Луковски го склучил договорот на овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите, меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда.


Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија