19 Мај, 2024
0.0264

М-НАВ: Не превработуваме, туку има повеќе работа

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Претпријатието за воздухопловна навигација М-НАВ истакна дека зголемениот број вработениво субјектот се должи на рекордниот број на зголемени авио-летови во Македонија. Ова претпријатие во последните неколку дена беше на удар на критика од повеќе накедонски медиуми, а меѓудругото најмногу за наводно вработувања на роднини и блиски на политичкиот врв. Според тоа, М-НАВ ги демантира заклучоците дека безбедноста на патниците е доведена во прашање.

- Одговорно тврдиме и ги демантираме последните шпекулации, во ниту еден момент безбедноста на македонското небо не е доведена во прашање. Ова тврдење е поткрепено од фактот дека сите надлежни институции задолжени за постојан надзор на нашето работење, како Владата, Агенцијата за цивилно воздухопловство и светските релевантни воздухопловни власти, меѓу кои Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација – Еуроконтрол, Интернационалната организација за цивилно воздухопловство и Европската организација за одржување на безбедноста на авио сообраќајот го поддржуваат и поздравуваат постојаниот напредок и начинот на функционирање на АД МНАВ, стои во соопштението од компанијата.

Од таму велат дека бројот на вработувања се должи на растот на приходите за три милиони евра, раст на рекордни прелети од 1.028 за еден ден на македонското небо, а искусни контролори на летање се вратиле од Швајцарија и Србија, како и искусни инженери. 

Вработувањата во администрацијата биле неопходни за реализацијата на проектите за модернизација на системот за контрола на летање, кои се пролонгирале повеќе од пет години, информира М-НАВ.

- Во врска со написите за преселување на дел од вработените под кирија во други простории, компанијата потенцира дека настанатата состојба со канцелариите во Палатата „Лазар Поп Трајков“ е последица на недоговорната усна наредба на претходниот менаџмент во М-НАВ, кој по насока на претходната влада ги префрлил сите вработени во објект каде нема технички прием. Поради горенаведеното се до обезбедувањето решение за технички прием, новото раководство размислуваше за изнајмување на привремени простории, но идејата не се реализираше, велат од М-НАВ.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?