Мадрид ја „неутрализира“ полицијата во Каталонија
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2017
Централната влада на Шпанија користејќи ја уставната можност целосно ја укина покраинската влада на Каталонија откако нивниот парламент еднострано прогласи независност. Следен важен чекор на властите во Мадрид беше и суспензија на началникот на полицијата во Каталонија со цел да го обезбеди своето влијание.
Отпуштањето на Жосеп Луис Траперо, највисокорангираниот полицаец цо Каталонија, е објавено во службен весник на Шпанија, со што се продлабочува кризата на политички план.
На местото на Траперо е поставен министерот за внатрешни работи, од кој се очекува да ги намали тензиите и да спречи ескалација на состојбите.
Каталонската полиција упати апел до своите припадници да покажат неутралност во период во кој трае несогласувањето меѓу централната и покраинската власт.