14 Мај, 2024
0.0245

Мафијашки убиства во туристичката понуда на Белград: Хронологија на нерешени случаи

Објавено во: Балкан 30 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Српските медиуми пренесуваат дека Белград станува дувло на мафијашки кланови, па поради неможноста властите да се изборат со нив, се препорачува да се стават во туристичката понуда која ќе се нуди на странци.

Убиството на Драгослав Миша Огњановиќ (56) ги дигна на нозе неговите колеги кои од денес стапуваат во еднонеделен штрајк, барајќи од Министерството за внатрешни работи на Србија да работи на итно расветлување на случајот. Адвокатските комори на Србија и Белград распишаа парична награда за сите граѓани кои ќе достават веродостојна информација, а која ќе придонесе да се најде убиецот.

Огњановиќ кој имаше статус за еден од најдобрите адвокати во земјата, беше убиен во саботата во Нов Белград, а неговиот 26 годишен син Петар е ранет во пределот на раката. Сепак тоа што е чудно е што адвоктот е убиен во дел од гаражата, каде што не покриваат камерите.

Според тврдењата на соседите, тој се преселил во станот каде што живеел како дете со своите родители, пред половина година заедно со сопругата и 9 месечната ќерка. Пред вселувањето го реновирал станот и поставил камери, кои го покривале влезот на зградата, задниот дел и терасата, но не и делот каде што бил убиен. Оттука се претпоставува дека убиецот за кого очевидци тврдат дека бил млад човек облечен во црно, бил многу добро запознаен со деталите околу сигурносните камери и не е исклучена можноста дека одредено време го прател Огњановиќ за да дојде до потребните информации.

Полицијата деновиве ќе ги разгледува снимките од камерите, на кои наводно можело да се види само заминувањето на убиецот. Најголема помош се очекува од синот Петар, кој би можел да го опише напаѓачот, па можеби и на тој начин ќе се открие мотивот за убиството.

Мислењата се поделени. Едни сметаат дека адвокатот бил убиен бидејќи го бранел Лука Бојовиќ и дека е близок со неговото семејство, а други пак сметаат дека бил вмешан во криминалните кланови.


ХРОНОЛОГИЈА НА НАПАДИ НА АДВОКАТИ ВО СРБИЈА

Во последната деценија во Србија се убиени или нападнати повеќе од 40 адвокати и најголем број од случаите се уште не се решени.

Во 2011 година ранет е Александар Жариќ, кој во тоа време учествуваше во постапката за убиството на тогашниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, дел од нив припадници на „Земунскиот клан“ и припадници на „Пинк Пантер“. Тој бил ранет со два куршуми во горниот дел на телото.

Драгиша Вукашиновиќ во 2012 година беше претепан пред својата куќа.

Во јуни 2012 година нападнат беше и Ненад Вукашиновиќ, бранител на Ѕвездан Јовановиќ, осуден за убиство на премиерот Ѓинѓиќ. Додека седел во канцеларија со колега, двајца маскирани мажи влегле, па едниот од нив го полил со киселина, а другиот го тепал.

Во 2013 година нападнат беше еден од најпознатите српски адвокати Милан Вујин, кој бил полиен со киселина на лицето, па се здобил со повреди на пределот на очите.

На почетокот на декември 2015 година изрешетен бил Владимир Зрелец и тоа пред својата канцеларија, а по три недели почина во болница од здобиените повреди. Владимир Шерановиќ бил обвинет за неговото убиство, а тој е инаку роднина на Слободан Шерановиќ, кој во февруари 2017 година беше убиен во Будва.

Немања Стојановиќ адвокат од Јагодина е убиен во 2017 година. Во него било пукано околу три часот наутро кога се враќал дома. Убиен пред зградата, а од четирите испукани куршуми, еден го погодил во глава.


Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни