Мајчинството не е трка: Инспиративна колумна на Силвија Митевска
Објавено во: Стил 17 Август, 2018 08:57
Минатиот месец напишав колумна „Ми треба одмор од одморот“, која се однесуваше на мојот летен одмор со две деца. Ви благодарам од сè срце за пораките кои ми пристигнаа во неочекувано голем број. Мило ми е што колумната беше многу читана и многу ме израдуваа пораките од мајките кои се „пронајдоа“во (не)одморот. Некои се идентификуваа со текстот во целост, велејќи дека сум го опишала нивниот одмор „од збор до збор“, некои се идентификуваа со детали од одморот, притоа опишувајќи ми ги и нивните хаотични моменти од летувањето. Но, меѓу сите овие пораки, една ми остави особен впечаток. И токму таа порака е инспирација за оваа, втора по ред, колумна.
Мајчинството е мојата најголема авантура. Тоа е како да сте тргнале на многу долго патување, и со многу попатни станици. Ќе возите и на дожд и на сонце, многу веројатно е дека ќе ви се издише гума, ќе ви прегори светлечки фар, можеби ненамерно ќе поминете на црвено светло и ќе добиете казнени поени. Но, мајчинството истовремено е и возење низ преубави предели. Високи планини и зелени гори, цветни ливади и оази од чија убавина здивот ви застанува. Мајчинството ќе ве „одвезе“ до места на кои никогаш поинаку не би стигнале. Понекогаш ќе возите по автопат, а некогаш по патека. Важно е никогаш да не застанете.
Секоја од нас вози со различна брзина и по различни патишта. Односно, секоја од нас различно се снаоѓа во улогата на возач-мајка.
Повеќе читајте на Женски магазин, овде.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





