18 Јануари, 2025
0.0263

Македонците догодина ќе играат лото на интернет

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Во текот на идната година и Македонците ќе имаат можност да играат лото на интернет, пишува Дневник. Имено, Државната лотарија на Македонија распиша јавен повик за склучување договор со искусна компанија за формирање заедничка фирма за приредување електронски и интернет-игри на среќа. Во новото друштво, кое е утврдено да има главнина од нешто над 12 милиони евра, Државната лотарија на Македонија треба да биде доминантен сопственик со 51 отсто од главнината, а за нејзин влог ќе се смета ексклузивното право за приредување електронски игри на среќа во земјава без временско ограничување, како и ексклузивното право да приредува интернет-игри на среќа во период од две години. Cпоред законот, новата фирма ќе има двегодишен ексклузивитет во организирање вакви игри на среќа, а потоа и овој пазар ќе биде либерализиран. Од идниот партнер се бара во новата фирма да вложи 6 милиони евра, од кои 4,7 во опрема и во софтвер, 300.000 евра во хардверска и во софтверска поддршка и еден милион евра паричен влог за покривање на финансиските трошоци за оперативно функционирање на новото трговско друштво. Предвидените средства ќе треба да се вложат во период од три години, при што во првата година влогот треба да изнесува 3 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение