Добивај вести на Viber
Секој Македонец во просек по 4 часа и 34 минути дневно поминува пред телевизор.
Според Интернешенал маркетинг комитетот од 38 држави во светот, Македонија е на високото трето место по гледање телевизија.
На врвот се Србите, со најдолго време поминато пред ТВ екраните дневно, а пред нас се и Американците кои гледаат само две минути повеќе телевизија од Македонците.
Во Македонија најмалку сме гледале телевизија во 2008 година - 260 минути. Потоа речиси секоја година минутажата растела.