06 Декември, 2025
0.1244

Македонец го излекува „шеќерот“ со чај од маслинки

Објавено во: Стил 30 Јули, 2018 08:59

Добивај вести на Viber

Дијабетичар сум и бев со години на инсулин. Откако почнав редовно да го пијам чајот од маслинки, за една година сосема го исфрлив. Отидов на редовен лекарски преглед и докторот се зачуди. Шеќерот ми беше во сосема нормални граници. Почнав прво да ги намалувам единиците на инсулин, а потоа сосема го прекинав. 

Чајот од маслинки лечи дваесет и две болести, вели Ангел Попов од Доран, кој и самиот својата болест, дијабетесот, ја излечил со домашен чај кој тој го произведува. Ангел веќе дваесет години одгледува домашни маслинки и од нив прави производи за кои вели дека се лековити.

Дојранскиот кеј, поточно местото наречено Кај Јаворот, е препознатливо по тезгата на чичко Ангел. 

Дојран е препознатлив по тезгата на чичко Ангел 

„Ова е чиста, еколошка, домашна маслинка. Чајот од неа лечи шеќер, камен во бубрег, холестерол, алцхајмерова болест. Лично јас сум дијабетичар и бев со години на инсулин. Откако почнав редовно да го пијам чајот, за една година сосема го исфрлив. Отидов на редовен лекарски преглед и докторот се зачуди. Шеќерот ми беше во сосема нормални граници. Почнав прво да ги намалувам единиците на инсулин, а потоа сосема го прекинав. Сега, шеќерот го регулирам само со апчиња и со чајот, се разбира. Го правам од маслинка која е од сортата наречена Халкидики. Се прави од гранката која не е прскана, и се остава да се суши во темна просторија 40 дена, на максимум 25 степени.“, раскажува Ангел за „Женски магазин“.

Кај него, доаѓале и луѓе кои боледуваат од многу други болести и особено му е мило кога по втор пат ќе се вратат и ќе му речат дека неговиот прозивод има ефект. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: