19 Мај, 2024
0.0311

МАКЕДОНЕЦ РАСКАЖУВА КАКО ДА СЕ ВРАБОТИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Овие градови нудат најмногу можности

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Како и во сите земји, поголема побарувачка на работници има во големите административни и финансиски центри, во Франција тоа се Париз, Лион, во поголемите градови на јужната ривиера, како и Бордо кој важи за светски центар за производство на вино, вели Александар Камчев, магистер по меѓународно деловно право на Правниот факултет при универзитетот Сорбона од Париз, и магистер по меѓународен менаџмент на приватната бизнис школа ESC од Клермонт Феранд.

Тој е вработен во одделот за комерција и развивање на бизнис секторот во француската фирма Манаона, и е во постојан контакт со агенциите за вработување од Франција, на кои им ги продаваат своите иновативни апликации Vit-On-Job.  За Фактор раскажува какви се условите за работа и платите во земјата каде престојува.

Токму во Бордо и другите вински региони, може да се побара работа во сезонскиот период кога има потреба од работна сила за собирање и обработка на грозје, додава Камчев.

„Македонскиот пасош моментално не дозволува престој во Европската Унија повеќе од 90 дена. Доколку еден Македонец сака да се вработи во Франција, треба да добие работна виза од француската амбасада во Скопје, со комплетна документација и ветување за вработување од француски работодавец. Друга варијанта е сезонската работа во лимитот од 90 дена за престој. Работодавецот е должен да го пријави договорот и да добие позитивен одговор од страна на француските власти. Моментално има и голема реформа во францускиот правен систем за вработување, но за жал Македонците сè  уште се под системот 90 дена за престој во државата и целата унија. Најголема потреба за работници има во информатичкиот сектор бидејќи има сè поголема дигитализација на традиционалните сервиси, медицински персонал и лица за нега на стари лица, експерти во финансискиот сектор и работна сила во сервисните услуги, бидејќи Франција важи за број 1 туристичка дестинација во светот“ – објаснува Камчев.

Вели дека европскиот пасош дава поголеми можности и отвара повеќе врати за работа, но оние кои се експерти во својот сектор секогаш можат да најдат работно место, со подолга административна процедура. Во Франција како и во останатите европски земји постои и дозвола на престој на база на научен квалитет, односно експерт од трета земја може да се вработи и да добие дозвола за престој доколку неговото знаење би придонело до развивање на француската наука и економија.

„Најголем хендикеп на македонските граѓани е токму јазикот, бидејќи кај нас младите немаат голема желба да го изучуваат францускиот јазик. Сепак, последните неколку години има повторно тенденција за враќање на францускиот јазик во школските катедри. Многу студенти, меѓу кои и јас, заминуваат на студии во Франција благодарение на француските јазични паралелки кои постојат во неколку македонски гимназии и со голема поддршка од страна на Францускиот културен центар од Скопје. Сè зависи од работната позиција. Доколку немате директен контакт со клиенти, работодавецот може да прифати и кандидат со минимално познавање на јазикот. Во сервисните услуги, се разбира потребно е и напредно ниво на познавање на јазикот. Во информатичкиот сектор на пример, најважен е квалитетот на програмерот“ – додава Камчев.

Тој додава дека платата зависи од квалитетот на работникот, образованието и работната позиција. Во Франција минималната бруто плата СМИК одредена со закон за 2017 година е 9.76 евра на час или околу 1,150 евра нето месечна плата. Работната недела е 35 часа и е една од најкратките во целата Европска Унија. Исто така, работникот има голема социјална заштита и бенефиции како во ниедна друга земја во Европската Унија. 

„Оваа минимална плата е наменета за работните места без диплома, а платите пропорционално растат во зависност од факултетската диплома, работното искуство на кандидатот и побарувачката на пазарот на работна сила“ – вели Камчев.

Сепак објаснува дека македонските граѓани треба да планираат и трошоци од минимум 450 евра за едно лице за сместување во Париз и неговиот регион. Овие цени се речиси двојно помали во помалите градови, но во нив потребата за работна сила е и неколкукратно помала.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид