Македонија бара 900 милиони евра од ММФ
Објавено во: Економија 25 Април, 2022
Македонија ќе бара од Меѓународниот монетарен фонд најмногу 900 милиони евра како задолжување за надминување на буџетската криза. Со овој заем националниот долг би се зголемил од 61 на 63 до 64 отсто од БДП.
Колку пари ќе одобри ММФ ќе се знае до крајот на неделава, откако нивниот тим ќе ја скенира состојбата и ќе оцени дали ги исполнуваме условите.
Министерот за финансии Фатмир Бесими ги завршува Пролетните средби со препорака за пристап до Линијата за претпазливост и ликвидност на Меѓународниот монетарен фонд. Станува збор за финансиски инструмент кој ММФ го доделува единствено на земји со здрава економија, кои имаат позитивни оценки за економските политики и очекувања дека тие ќе продолжат и во иднина, вклучително и макроекономска и финансиска стабилност.
Македонија побарала од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) двегодишна линија - Заем за претпазливост и ликвидност таканаречен ПЛЛ. Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд се состанал на 15 април и неформално дискутирале за барањето на македонските власти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.