19 Мај, 2024
0.0302

Македонија го слави денот на Востанието

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Еден од позначајните датуми во македонската историја, 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска свечено ќе се одбележи низ неколку локации во земјава. 

Во Скопје, на Партизанските гробишта во Бутел, ќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена и државната награда „11 Октоври“ за 2019 година, за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. 

Во Куманово ќе бидат положени цвеќиња на Спомен костурницата, по што обраќање ќе има премиерот Зоран Заев. Во Прилеп ќе се одржи свеченост пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифоски-Питу, а ќе биде одржан марш во чест на паднатите борци и ќе бидат положени цвеќиња на Могилата на непобедените.

Земјава денеска слави 78 години од Антифашистичкото востание. На денешен ден во 1941 година, борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со ова всушност беше означен почетокот на востанието на Македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Ден потоа, на 12 октомври се слушнаа и истрелите на партизаните од Куманово. 

А во Прилеп чествувањето почна уште вчеравечер, со богат огномет и со импровизиран напад на градот, како потсетување на виорните настани од 1941 година. Прославата, заедно со програма, традиционално се одржа пред меморијалниот музеј „11 Октомври“.

Пред гостите од Куманово со кои ја продолжува заедничката прослава на празникот, и пред претставниците од дипломатскиот кор, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека во предвечерието на 11 октомври им оддаваме почит на борците, на хероите кои ги положија своите животи на браникот на слободата.


Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела