16 Јануари, 2025
0.0291

Македонија и Хрватска ќе воспостават асиметричен трговски режим по 1-ви јули

Објавено во: Економија 27 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Асиметричен трговски режим ќе се воспостави меѓу Македонија и Хрватска откако оваа земја по 1 јули годинава и официјално ќе стане членка на Европската унија. Особено ќе се намали досегашната либерализирана размена во земјоделството и прехранбената индустрија.

Како што истакна денеска Васко Ристовски од Стопанската комора, влегувањето на Хрватска во ЕУ ќе има и позитивни и негативни импликации.

- Компаниите се уште не знаат што точно ќе се случува, но желба за соработка со земјите од ЦЕФТА се уште постои, рече Ристовски на прес-конференција.

Според него, се размислува да останат правилата за тргување според ЦЕФТА-договорите барем извесен период од зачленувањето на Хрватска во ЕУ.

Комората, додаде Ристовски, се уште нема информации дали се преговара и во кој дел на државно ниво.

Вкупната размена на Македонија и Хрватска минатата година беше 93 милиони евра од кои во агросекторот 41,2 милиони. Најмногу се тргува со кондиторски производи. Македонија извезува и вино, тутун, овошје..., а увезува месо, млеко, нивни преработки, пченица, брашно,...

Земјите-членки на ЦЕФТА на последниот состанок констатирале дека клучни проблеми во размената се уште се непризнавањето на сертификатите и нивната унифицираност, инспекциските надзори, фитосанитарната област и дополнителните давачки. Укажано е на потребата од намалување на трговските бариери, како и од зајакнување на внатрешните контроли и комуникацијата заради спречување состојби како онаа со појавата на афлатоксин.

И покрај кризата, размената во рамки на ЦЕФТА е намалена за само 0,7 отсто, и лани достигнала 8,1 милијарда евра.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја