18 Јануари, 2025
0.0362

Македонија и Турција потпишаа Договор за соработка во областа труд и вработување

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и турскиот министер за труд и социјална сигурност Фарук Челик денеска во Анкара потпишаа Договор за  соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето.

Овој Договор претставува продолжување и натамошно унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција во областа труд и социјално осигурување.

Министерот Спасов по потпишувањето истакнал дека на овој начин ќе се воспостави соработка во креирањето и имплементирањето на политиките во областа труд, вработување и социјална сигурност со што, како што посочил, ќе се обезбеди создавање подобри услови за живот на граѓаните на двете пријателски земји.

- Соработката ќе се одвива преку размена на искуства и знаења за тековните состојби во наведените области, но и за стратешките планови за во иднина, се со цел долгорочно решавање на проблемите и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните на Турција и Македонија, потенцирал Спасов.

Договорот ги опфаќа и темите-права од работен однос, искоренување на детскиот труд, безбедноста и здравјето при работа на работниците, трудовата инспекција, политиките за вработување и следење на развојот на пазарот на трудот, професионалната рехабилитација на лица со попреченост и социјалната сигурност

Македонија и Турција веќе 13 години успешно го спроведуваат Договорот за социјално осигурување, со кој македонските и турски државјани ги остваруваат правата од здравственото осигурување и здравствената заштита, пензиското и инвалидското осигурување, каде се вклучени правото на старосна пензија, правото на инвалидска пензија, правото на семејна пензија, остваруваат право на осигурување во случај на несреќа на работа и професионална болест, право на осигурување во случај на невработеност и додаток за деца.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение