26 Јуни, 2024
0.0313

МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Еден од повредените во сообраќајката на автопатот Штип - Свети Николе пренесен во Скопје, трите жртви се роднини

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Три женски лица на возраст од 15, 37 и 62 години загинаа во тешката сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар од патарината кај Кадрифаково. 

Според првични информации жртвите се во роднинска врска и се превезувале во возило шевролет „калос“ со скопски регистерски таблички, во кое имало уште две лица.

Според СВР-Штип, во несреќата повредени се четири лица. Како дошло до судир меѓу возилата тојата „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички и шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички се уште се утврдува од страна на полицијата и јавен обвинител.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека учесници во несреќата се возилата тојата „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички управувано од возач на 29-годишна возраст, во кое имало и сопатник на возраст од 34 години, при што и двајцата се  повредени.

Возилото шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички е управувно од возач на возраст од 45 години, во кое се превезувало 12-годишно момче, кои се повредени, а во ова возило биле и трите жртви на возраст од 15, 37 и 62 години.

Претходно информиравме дека 15-годишното девојче и 62-годишната жена починале на самото место, а 37-годишната жена на пат кон штипската Клиничка болница. Лекарите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно, пред вратата на болницата им подлегнала на повредите.

Во штипската Клиничка болница во моментов се двајца пациенти на кои им се прават лекарски прегледи, а третото лице кое е пренесено во болницата е со тешки телесни повреди, по направените компјутерски снимања е транспортирано во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата и обвинител вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели