18 Јануари, 2025
0.0253

Македонија зависна од дознаките од странство

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Албанија и Македонија се земји кои во голема мера се зависни од дознаки од странство, кои играат важна улога во обезбедување дополнителна социјална заштита и искоренување на сиромаштијата. Освен тоа, дознаките од странство имаат клучна улога и врз образованието и здравјето на членовите на семејствата кои остануваат дома.

Ова го покажа истражувањето на проектот на македонската организација Аналитика и АКСЕР од Албанија што го спроведоа во изминатите 18 месеци во регионот на Скопје, во Македонија и на Тирана, во Албанија.

Резултатите што беа претставени на денешната работилница на тема „Миграции и дознаки од странство во Западен Балкан“ покажуваат дека во делот на влијанието на образованието отсуството на таткото има негативно влијание врз образованието на децата само краткорочно, доколку тој останува подолг престој влијанието е позитивно.

- И во двете земји миграцијата на мајката на долг рок има негативно влијание врз образованието на децата, потврдувајќи дека миграциите како појава имаат значително влијание врз образованието на децата чии родители имаат мигрирано во странство, рече Јованка Јошевска од Проектот.

Резултатите покажуваат дека во поголемиот број случаи таткото е заминат во странство, а мајката е останата во земјата да се грижи за семејството.

Таа додаде дека во однос на образованието, се покажа значителна разлика помеѓу Албанија и Македонија во врска со ефектот на дознаките од странство – додека тие имаат влијание врз образованието на децата со тоа што дел од тие средства се алоцираат за плаќање на нивното образование и со тоа имаат позитивно влијание врз детското образование во Албанија, во Македонија се покажа дека дознаките од странство немаат значително влијание врз статусот на образование на децата.

Резултатите од проектот во однос на влијанието врз здравјето за Албанија покажаа дека децата во семејства со миграциско искуство имаат помала веројатност да бидат неразвиени од оние во семејства без миграциско искуство. Додека влијанието за Албанија се покажа позитивно, за Македонија резултираше дека е негативно – децата во семејства со миграциско искуство се подебели. И за двете земји се покажа дека нивото на образование на мајката е важно за децата да бидат помалку дебели.

Јошевска истакна дека и во двете земји не е покажана иницијатива за промовирање на ефектите на миграциите и дознаките од странство врз социо-економскиот развој бидејќи државните политики за миграции се претежно општи и не таргетираат специфичности како во случајот со областите образование и здравство. Затоа, дел од препораките се владите да понудат политики за намалување на негативните ефекти од мигрирањето на родителите врз децата, вклучување на влијанието на миграциите и дознаките од странство во политиките за образование и здравство, воведување политики за поттикнување на мигрантите да ги инвестираат заработените средства во својата земја, овозможување едноставен пристап до образование и здравствено осигурување...

Според резултатите, Јошевска посочи дека Албанија и Македонија треба и да ги подобрат своите системи за прибирање податоци за да може да се обезбеди подобра база на податоци.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение