20 Декември, 2025
0.0959

Македонска реалност: Голгота во 21 век без основни услови за живот

Објавено во: Македонија 01 Април, 2017 09:30

Добивај вести на Viber

Не е првоаприлска шега туку трагедија- вака дел од дивoвселените станари во поранешните бараки на општина Бутел ја опишуваат својата  голгота.  Со години живеат во импровизираните живеалишта, во кои велат немаат основни услови за живот, но барем имаат кров над глава. И тој често протекува, ама  имаат каде да се приберат.

Параскева Чочовска пред дваесет години  дошла во Скопје.Некогаш матичар во Берово,  а денес социјален случај во Скопје. Заминала  од беровското село Владимирово со надеж дека ќе најде  подобар живот, бидејќи со години имала проблеми со  нејзиниот маж кој бил хроничен алкохоличар. Но судбината вели си поиграла со неа. Петнаесет години живее во една соба со влага и мувла во бараката број 13, која и по суеверноста и по реалноста се покажала како баксузна. Пред пет години нејзиниот 25 годишен син бил убиен под сомнителни околности, ќерката со години и живее  под кирии, а таа останала со помалиот син да живее во трошната барака. Уште еден син живее во Берово, но додава -  подобро таму, отколку овде да ги трпи нивните маки. На проблемите како што  вели им нема крај.

“Петнаесет  години живеам  во  бараката број 13. Детето на 25 години ми го убија,немаше  ниту обдукција, никој не ми кажа зошто и како. Кога немаш пари никој не те гледа. Јас сум  хронично болна жена, со години боледувам од срцева  болест,  а имам сериозни  проблеми и  со кичмата.Не сум способна за работа, а кој ќе ме вработи на шеесет и пет години. Лекови земам од пријатели или од мојата сестра кога ќе има. Имаме,  едно да го наречеме купатило, просторија за да се бањаме со кофа. Мизерен  и тежок живот”- раскажува Параскева.

За маката да биде уште поголема таа со полни шеесет и пет  години сеуште  неможе да оствари право за старосна пензија. И недостасува една и пол година работен стаж, но вели нема пари да плати.  Социјалната помош и ја укинале пред три месеци. Чукнала на многу врати, но никој не и помогнал.

“Бев во владата неколку пати, ми ветуваа дека ќе ми помогнат. Ама тогаш за тогаш и после никој не се интересираше за мојот проблем. Околу нас се градеа социјални станови. Ми ветуваа дека и јас ќе добијам, ама ништо. Се храниме во народна кујна или некој ако ни подаде колку да се протурка денот. Ми ја укинаа социјалната помош. Имам проблеми со кичмата, тешко се движам. Барав ортопедски помагала, ми ветуваа, ама повторно ништо.  Подадов документи за инвалидска пензија, стигнав до првостепена комисија. Таму почнаа да ми викаат какво било мастилото, печатот на документите. Па јас не сум лекар да знам како се потпишуваат и што ставаат на документот. За банални работи ме враќаа, а гледаат дека буквално страдам за корка леб и за лекови”- додава Параскева Чочовска.

Без пари, а со многу болести и проблеми таа е една од четириесетината станари сместени во некогашните  бараки на општина Бутел. Иако стари, дотраени и руинирани тие се нивниот дом. Сега им се заканува опасност да го изгубат и она малку што го имаат, колку да не се на улица. Од општината велат дека бараките се на приватно земјиште и тие немаат надлежност  ниту одговорност да реагираат.  


Од јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен  простор имаат план да градат социјални станови на поранешната локација на општина Бутел. Оттаму велат дека овие жители ќе може да добијат социјален стан, но само  ако ги исполнуваат условите пропишани од  Министерството за транспорт и врски.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти