20 Декември, 2025
0.5153

Македонската маркетинг елита ја славеше креативноста

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2015 11:04

Добивај вести на Viber

Повеќе директори на маркетинг агенции, сопственици на медиуми, маркетинг професионалци од компании, креативни и арт директори, дизајнери, продуценти, адвертајзинг фанатици и останати учесници и вљубеници во рекламната индустрија, саботата присуствуваа на првиот македонски настан официјално поддржан од најголемиот светски креативен фестивал – Cannes Lions.
Lions Talks“, настанот организиран од  Маркетинг365 и арт кафулето Concept 37 на едно место ја собра маркетинг елитата во Македонија, во двочасовно дружење проследено со дискусии на тројца говорници и screening на Гранд При победниците од неодамна завршениот Cannes Lions 2015. elita 1 Александра Дилевска, извршната директорка на агенцијата Публицис Македонија, од аспект на редовен посетител на Cannes Lions, на “Lions Talks“ сподели што се важно се зборуваше на овогодинешното издание на фестивалот, кои се темите кои ќе доминираат наредниот период, како се развива мајндсетот на самата индустрија низ годините и кои се главните предизвици кои треба да ги очекуваме и за кои треба да се подготвиме. Регионалниот креативен директор на маркетинг агенцијата New Moment New Ideas Company, Душан Дракалски, трократен освојувач на Кански лав, пред присутните го сподели своето лично искуство поврзано со учеството и жирирањето на Cannes Lions, притоа осврнувајќи се на најважните моменти во креирањето на наградените проекти и развојот на самата перцепција за тоа што претставува креативноста на Cannes Lions. elita 2 Борис Ефтимовски сопственик на Маркетинг365, официјалните претставници на Lions Festivals во Република Македонија, кој беше и модератор на настанот, се осврна на придобивките кои македонската креативна индустрија ги добива со тоа што преку Маркетинг365 доби директен линк до најголемиот светски креативен фестивал Cannes Lions и како тие да се искористат во насока на забрзан развој на креативната индустрија во земјава.

На настанот беа промовирани и Гранд При победниците од Cannes Lions 2015 во сите категории проследени со дискусија меѓу учесниците на настанот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии