18 Мај, 2024
0.0287

Македонски фирми кои ги добија најголемите милионски кредити во 2018-та: Доминира трговијата и градежништвото

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

...

Компаниите чија дејност е малопродажба во трговијата и градежништвото во изминатата 2018-та ги склучиле најголемите кредитни рамки за финансирање на нивните инвестиции со комерцијалните банки, според евиденцијата на пребарувачот при службените објави на договорите за залог.

Во трговијата доминираат ланците на маркети Веропулос и Тинекс - МТ  кои засновуваат право на кредитни рамки, со тоа што првиот од минатата година може да подигнува рати од 16,4 милиони евра, а другиот има максимален износ на користење од 14 милиони евра од летоска. Тука е и Елкос груп, која има два шопинг-центри во Македонија  а е во сопственост на еден од најпознатите косовски бизнисмени Рамиз Келменди. Од декември минатата година има договор за кредит-лимит во  износ од 6.000.000 евра. Од оние кои исто така основна дејност им е трговијата тука е и Мак Аутостар, компанијата која го застапува Mercedes-Benz за Daimler и други автомобилски брендови, од средината на минатата година е заложен должник на износ на главница од 7.300.000 евра.

Во градежништвото Турмак, фирма-сателит на Џевахир Холдинг, додека ги гради проектот со висококатниците Џеваир скај сити, со хипотека од март обезбедува кај доверителот износ од 10.000.000 евра. Илинден АД Струга, подизведувач на Синохидро на автопатот Кичево-Охрид, заедно со фирмата за хотелиерство Уникат 2017 од Охрид имаат право на два одвоени кредити во вредност од 13,4 милиони евра. АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кое гради социјални станови, од приватна банка добива право на 8,5 милиони евра во мај. Врз основа на нови анекси од стари договори проширување на кредитните лимити добива градежните гиганти Бетон до 30.000.000,00 евра, кој треба да се врати до 1 ноември.2021 година. а Гранит од пред точно една година може да „троши“ до 18.500.000,00 евра,

МГ Фешн, компанија поврзана и со градежништво и со трговија, која есеноска ја купи атрактивната паркинг-парцела спроти хотелот „Холидеј Ин“ во строгиот центар на Скопје за изградба на станбен и деловен комплекс, од јуни минатата година има договор за рамковен револвинг од 5.800.000 евра

Ренова, компанија која исто така е поврзана со градежништвото, а поседува фабрики за производство на малтер и направи за негово нанесување во Џепчиште, Тетово и Битола како и на други места на Балканот, од доверителот добива 6.000.000 евра по извршената пописна листа на имот и опрема во март.

Во класичната металургија, Еуроникел, кој деновиве е регистриран како нов сопственик на Фени Индустри по завршувањето на стечајната сага со комбинатот, од мај има право на износ од 6 милиони евра

Од другите, странскиот инвеститор „Секе“, кој откупува македонски тутун и го преработува, од крајот на минатата година добива краткорочен кредит од 12 милиони евра. . 

Макоил, во чија сопственост се бензински пумпи и катни гаражи, прави нов анекс на стар договор со лимит од 6 милиони евра.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа