20 Декември, 2025
0.3965

Македонски Телеком има најдобри резултати на тестирањето на квалитетот на мобилните мрежи во Македонија

Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2015 13:40

Добивај вести на Viber

  • Во тестирањето кое го спроведе компанијата P3 Communications, Македонски Телеком постигна 740 од можни 1000 бода и доби сертификат „Best in Test“

Македонски Телеком обезбедува најдобри резултати за мобилни податочни услуги и најдобри резултати за говорни услуги меѓу мрежите во Македонија, потврди тестирањето на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат кој претставува меѓународно признат доказ за квалитет на мобилната мрежа.

Во текот на тестирањето спроведено во период од 12 до 20 мај мрежата на Македонски Телеком постигна 740 од можни 1000 бодови, многу повеќе од директната конкуренција.

“Независното истражување потврди дека нашата мобилна мрежа ги има најдобрите резултати преку симулирање на корисничко искуство, што беше докажано со издадениот угледен сертификат. Македонски Телеком е навистина лидер на телекомуникацискиот пазар, а тоа е позиција која ја постигнавме и сакаме да ја одржиме со постојани инвестици во мрежата”, изјави Божидар Полдругач, Главен директор за техника на Македонски Телеком.

Севкупното тестирање на P3 Communications покажа дека во Македонија мрежата на Македонски Телеком обезбедува највисок рејтинг за услуги за преземање (download) и поставување (upload) содржини  и највисока оценка за говорни услуги..

145

Признанието е резултат на повеќекратните инвестиции реализирани од Македонски Телеком во најновите телекомуникациски технологии, со цел да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги. Македонски Телеком прв ја воведе 4G мрежата и за краток временски период достигна 65% покриеност на населението и 40% покриеност на територијата со најновата 4G технологија. Овие бројки секојдневно растат, а со тоа и интересот на корисниците за 4G, а плановите се до крајот на 2015 година да има 70% покриеност на населението и 45% покриеност на територијата.

Компанијата „P3 Communications”  е водечка европска компанија за технички консалтинг и услуги во телеком индустријата. Една од главните дејности на компанијата е компаративни мерења на квалитет на мобилни мрежи, кои ги спроведува во речиси сите европски земји, како и во други земји од светот (САД, Австралија итн.)

P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар.

Сертификатот може да го погледнете на следниот линк:

http://www.p3-group.com/en/service-certification-22656.html

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии