20 Декември, 2025
0.0715

Македонски Телеком повторно дел од акцијата „Час на планетата Земја“ 2017

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2017 13:45

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком годинава повторно ќе се вклучи во најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светлата ќе се испрати порака за спас на планетата. На 25 март (сабота) со почеток од 20:30 до 21:30 часот Македонски Телеком ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје.

Свесни дека климатските промени се едни од најсериозните проблеми на денешницата, традиционално со години наназад Македонски Телеком е дел од оваа глобална еколошка акција, покажувајќи ја својата општествена одговорност и посветеност за заштита на човековата околина. Затоа, компанијата постојано презема активности насочени кон оддржливо општество во интерес на идните генерации.

Во своето работење, Македонски Телеком придава голема важност на заштитата на животната средина, што е потврдено и со ИСО сертификатот ISO 14001:2004 стекнат во 2011 година. При извршувањето на секојдневните оперативни активности на терен, се користат велосипеди како алтернативно превозно средство со цел да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата. Дополнително, Македонски Телеком применува иновативни решенија за зголемување на енергетската ефикасност,а грижата за животната средина се потврдува и со замена на хартиените сметки со електронска сметка за корисниците. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии