19 Мај, 2024
0.0338

Македонскиот бренд ПЕЛИСТЕРКА го освои мултимилионскиот кинески пазар

Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Прва станица на кинеска територија се светски познатите продавници за кафе Старбакс...

Најпродаваната македонска вода и единствената со европски број и дозвола за извоз во Европа, ПЕЛИСТЕРКА, го освојува и огромниот кинески пазар. Првата станица на овој силен македонски бренд е најпозната и најпопуларна специјализирана продавница за кафе во светот Старбакс. Деновиве, жителите на најголемиот кинески град Шангај, со повеќе од 13.271.000 жители, покрај кафето во Старбакс, ќе можат да уживаат и во вкусот на најстарата македонска вода Пелистерка.

Карактеристиките на оваа природно газирана природно минерална вода, чиј извор стар 3.200 години се наоѓа на длабочина од 400 метри, ги исполнуваа многубројните строги кинески критериуми за квалитет на вода. По долготрајни преговори, тестирања и аналзии, Кинеската влада и даде зелено светло на газираната Пелистерка за да почне да го трасира патот кон милионскиот кинески пазар.

„Шангај е само почеток. Не застануваме тука, продолжуваме да ги освојуваме и останатите кинески градови и покраини. За секој производител без разлика дали е од мала земја како Република Македонија или од многу поголема европска земја, кинескиот пазар е предизвик“ – велат од Пелистерка.

Пелистерка АД Скопје е компанија која што свесно и многу сериозно се труди да ги следи светските трендови и стандарди во однос на водата. Веќе неколку години по ред, сме единствена македонска вода која што својот производ го пласира на европските пазари кои што пак имаат строги правила за контрола на квалитет. По Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, водата на Пелистерка се најде и на полиците на супермаркетите, на масите во кафулињата и рестораните и во Романија, Гермaнија, Естонија...но и во прекуокенаските Америка и Австралија.

Ширењето на светските пазари не значи запоставување на македонскиот пазар. И покрај зголемениот обем на работа и производство, квалитетот на газираната Пелистерка не се намалува и понатаму останува најпродавана и најнаградувана газирана вода во Македонија.



Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО