Македонскиот ресторан Бакал-еден од најдобрите ресторани од Истанбул до Скандинавија
Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2015 09:44
Кога познати готвачи и познавачи на добрата храна повторно се враќаат на едно исто место и тоа поради врвниот квалитет на храната, пристапните цени на оброците подготвени на едноставен традиционален начин, тоа значи дека станува збор за еден од најдобрите европски ресторани. Не треба многу за вистинските гурмани да препознаат дека станува збор токму за ресторанот Бакал во тетовското село Брвеница, оддалечено 15 минути од Скопје.
Далеку од градскиот метеж со прекрасно уреден двор кој плени со својата убавина, Ресторанот Бакал е место со редовни гости, омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, гости кои знаат да препознат добра храна, и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат со сите свои сетила во ова место.
А само тие што пробале прекрасно подготвена храна знаат да направат разлика. Тука се произведува леб кој е без адитиви, а месото е свежо печено, подготвено на специфичен начин. Секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Ресторанот работи секој ден, цените се навистина пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.
Сопственикот на ресторанот г. Горан Симјановски воден од желбата се да биде проверено, свежо и од органско потекло сериозно размислува и самиот да одгледува дел од зеленчукот и зачините и тоа во самиот ресторан.,, Во блиска иднина планираме да се пријавиме и на интернационални конкурси за најдобри европски ресторани, и на таков начин Македонија да ја ставиме на мапата на кулинарските мајстори и експерти од цела европа, придонесувајќи за јакнење на локалниот туризам.
Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот што го прават вистински амбасадор на македонската култура и традиција. Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Атмосферата се подгрева во вечерните часови, кога ќе се запалат светилките и ќе засвират чалгиите. Тогаш за љубителите на добрата музика и храна, почнува вистинската забава.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете







