19 Март, 2024
0.0243

Македонските политички „ мамути“ и „ глувци“

Објавено во: Колумни 03 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Точно, триесет години по воведувањето на првите повеќепартиски избори во Македонија, на прагот сме на организирање на уште едни парламентарни, се разбира предвремени. Како и се друго во животот, ние наместо да учиме од грешките и да се подобруваме, така и во практикувањето на изборите, изборниот процес и легитимноста, ние назадуваме, или во најмала рака, не сме мрднале напред  на подобро,  ни за милиметар. Истите празни и нереални ветувања, истите  меѓусебни обвинувања, истите улични вокабулари, истиот вординг, од кој на пристоен човек би му се повратило, а е употребен од тие кои нам ни се претставуваат „политичка елита и класа“, тие кои се менуваат, заземајќи ги раководните институции во оваа напатена земја. Кога сме кај напатеноста, и кај земјава, не е ни чудо што 41 % од македонските граѓани, активно барале работа во странство, и што според податоците на Светска банка и на ММФ, веќе околу  500.000 ( 25 % од целокупното население), е иселено во западноевропските и прекуокеански земји во потрага по подобар живот.

Безлатернативност на македонскиот гласач!

Па зошто да седат, да ја видат Радмила Шекеринска „што може повеќе и подобро“, или пак да чекаат Антонијо Милошоски да ја обнови полураспаднатата земја,  која  е во таа состојба доведена  (ин)директно од политиките кои ги поддржувал или пак спроведувал?  И  првата и вториот, видовме во овие трисет години што можат, и колку обнови направија. Можеле и обновиле семејни  буџети и  ги „ подновиле“ со некоја работа своите најблиски роднини, пријатели, кумови и старосвати. Никој жив бе, веќе не верува дека некоја политичка елита, може навистина да го донесе „ Ел Дорадото“ во Македонија, и  да потечат „мед и млеко“  низ македонските улици, па македонските граѓани да се почувствуваат материјално и духовно исполнети и реализирани луѓе кои ќе ја градат својата иднина, и иднината на своите деца тука во оваа држава. Во деведесетите години, ајде, на почетокот, многумина можеа лесно да се излажат и да го дадат својот глас, искрено верувајќи дека таа политичка партија (елита), има намера да го спроведе ветеното и да работи за подобрување на стандардот на граѓаните, чесно, искрено без криминал и корумпираност. Сега, после толку поминати  децении, и испраксирани изборни циклуси, веќе никој не се подлажнува. Затоа на овие избори, излезноста ќе биде рекордно ниска, да, и поради заканата од Ковид-19, но исто така, можеби и многу повеќе поради резигнираноста, разочараноста и  алтернативната бесперспективност кои граѓаните ги имаат кон политичките елити и фактори во Македонија.

Слоновите, глувчињата и мамутот повторно ја играат својата шах-мат партија!

Ако се тргнат настрана, големите „слонови“ на македонската политичка сцена, која е алтернативата која треба да ги замени? Десетици „ глувчиња“, кои се накотија во изминатите неколку години, и по некој канализациски стаорец кој испушта реа, но никако не може да го загрози блатото на слоновите. Македонските политички глувци (човек- партиички), наместо да се усојузат помеѓу себе, и да направат колку-толку  обид  за создавање на политичка моќ со која ќе може да  изместат „некој од слоновите“, тие меѓу себе се глодаат, се гризаат, си кинат опашки, карактеристично за геномот на еден „канализациски глодач“. Настрана од  целата оваа папазијанија, и трагикомедија, постои уште еден „ мамут“ , подзаборавен во власта, уште од  далечната 2002 година. Соочувајќи се, со се поизвесното исчезнување од македонскиот политички простор „ мамутот“, во очај и гнев, и во страв од неговото непостоење, ја води последната политичко-животна борба за него ( да се биде, или не),  исфрлувајќи ја сета своја етнонационалистичка примитивна понуда на политичката сцена, сметајќи дека на тој начин, уште еднаш ќе се себелегитимира како незаобиколен фактор и во идната македонска влада. Еднаш своевремено напоменав, ако нашите политички „слонови“ ( СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ), после сите изневерени очекувања и ветувања, и после сите искажани лаги, ако сакаат овој пат да ја добијат нашата доверба, доволно е да направат едно: да се заколнат и заречат дека под никој услов, и под никои околности, постизборно нема  да коалицираат  со „ мамутот “ (ДУИ), и на тој начин ќе придонесат до целосно и трајно исчезнување засекогаш на најголемото зло, кое некогаш ги запоседнало македонските институции и ја газело македонската земја. Доколку и после изборите, и  СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  создадат коалиција со „ мамутот“, после сите понижувања, јавни уцени и закани од оваа амнестирана терористичка клика, тогаш слободно можеме да констатираме дека и двете наши партии, кои толку се обидуваат да не убедат дека се патриотски и дека работат за македонските интереси, се антинационални партии, кои ги интересира власт, пари, моќ и ништо друго.  Политичкиот потег на свесно уништување на ДУИ, можеби ќе биде еден од најпатриотските чинови во последните две децении на македонската политичка сцена.

Благојче Атанасовски-политиколог

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?